За децата добро е уште на старт, првите впечатоци и искуство од скијањето да бидат пријатни без стрес и секако најавени неколку денови наназад како возбудлива забава и уживање на снег. Доколку ги учите на скијање, ако се млади 4-6 години, добро е да пристигнете во ски центарот порано, навреме да изнајмите скии, ски карти се со цел да ги избегнете гужвите и брзањето. Децата учат поразлично од возрасните, на повеќето од нив им е потребно да ја разберат идејата што сакате да ги научите, а после тоа ќе сакаат сами да го направат. Секако повторувањето на движењата со тренер е вистински рецепт, тие ќе го научат тоа правејќи го несвесни дека тие научиле нешто. Во понапредна фаза научете ги да бидат свесни за околината и опасностите, ситуации при забрзано скијање, нерамнини, скокови и сл. Исто така повеќето деца учат побрзо и сакаат кога се во група со свои врсници, правејќи ги истите работи. Облекувајте ги децата комфорно, секогаш добро заштитувајте ги детските очи со наочари и нивната кожа со соодветна крема. Посебно на поголеми височини, од јако сонце, силен ветар и студ.