Новогодишен Базар Попова Шапка

Вести

Драги љубители на планината, снегот и новогодишната магија ве покануваме на првиот новогодишен базар на инспиративната Шара!
Првиот новогодишен шарпланински базар ќе го разубават десетина македонски брендови и творци на уникатни рачни изработки и дела.
Покрај штандовите на македонските брендови, на овој базар за прв пат ќе биде претставена изложбата „Нов архитектонски концепт за жичарница Тетово-Попова Шапка“ (историја, контекст, континуитет) на архитектот Благоја Ристовски.
Дружбата и забавата ќе биде надополнета и со можност за хуман гест и донации за хуманитарната акција „Стопли семејство“.
Не дозволувајте да ви раскажуваат, повелете да уживаме во инспиративната Шара со топол чај, греено вино, ракија, печени костени и топла атмосфера зачинета со убава музика, за која ќе се погрижат Шербет Трио и С.А.М.

Претходен написи
Француската луксузна куќа Louis Vuitton лансираше сопствен сноуборд
Следен напис
Американскиот западен брег со неверојатен старт на ски сезона