14-то издание на Ехо – фестивал за планински филм

Вести

Фестивалот Ехо трае до 27 октомври и ќе понуди 55 филмови. Проекции ќе има во три кино сали, во Фросина и во Џепното кино (МКЦ), како и во Кинотека.

Во рамки на Ехо фестивалот има и конкурс за најдобра планинска фотографија, собрание на Меѓународна алијанса за планински филм, изложба на фотографии, како и четири детски работилници во дополнителната програма. 

„За годинашново издание успеавме да составиме програма од 55 филмови, објавување нова книга, четири презентации, мастер клас од полски режисер, еколошка панел дискусија, филмски фокус на македонски автор документаристот Трајче Попов, проектиран на филмска лента во Кинотека“, велат организаторите.

целата програма

Претходен написи
АВСТРИСКИ АЛПИСКИ КЛУБ ПОВИКУВА НА ИТНА АКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ГЛЕЧЕРИТЕ
Следен напис
Австрискиот глечер Mölltaler со впечатлив пад во последните 9 години