Гондолата од утре започнува со зимски возен ред, односно граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 10 до 17 часот.
ЈСП Скопје информира дека 16:00 – 16:30 часот е последно возење кон врвот на Водно, а во 16.45 часот е последно возење надолу.
Ова работно време ќе се применува до март 2024 година.
Секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови за жичарницата.