Мавровски викенд амбиент

Вести

Маврово без снег и не е така лошо. Нас во секој случај престојот на планина ни е приоритет, без размислување и пазарење со умот дали има или нема снег.

За оние кои сакаат да искијаат добра стаза, Едносед до 11h часот е со добар квалитет, за почетници стазите на крајна двосед станица кај Трифкова колиба се повеќе од доволни за унапредување на скијачките вештини (!!! во моментов додека пишуваме се скија на бандаж, фала богу снегот доаѓа следната недела! ).

На самите ски терени можете да најдете ски инструктор иако е пожелно навремено закажување термин.

Функционални се сите угостителски објекти, ски рентал и маркети. Оперативен е патот Маврово – Галичник, но зимската опрема it’s a must! 🏂 ⛷ 💙

Претходен написи
Преднарачка Fischer турно фрирајд модели
Следен напис
Mavrovo Thrones