Пензионерите се враќаат на сцена

Вести

Австриската ѕвезда и двократен олимписки шампион Marcel Hirscher планира “кам бек” веќе наредната сезона и тоа во боите на Холандија, Lucas Braathen за Бразил. Ова не е клупски трансфер низ фудбалскиот свет, туку на панзионерите им се скијаa,а можеби не стига ни пензијата до први!

Ваквото изненадување за јавноста доаѓа од таму што по мајка потекнува од Холандија заради што “соодветно” ја менува својата родна Австрија.

Marcel кој по пензионирањето се проба и во неколку други спортови како motocross rally, па и многу фрирајд и турино активности, очигледно не го заборава својот матичен спорт: “Сакам да имам можност повторно да се натпреварувам. Овој нов проект го водам како Холанѓанец” – изјави тој на 24ти Април.

“За оние кои се прашуваат зошто го правам ова- за мене е јасно – поради радоста од скијањето која никогаш не ме напушта, тоа е голема забава за мене,” Дополнително појасни дека со овој проект несакал да ги блокира ресурсите на младите скијачи во Австриската ски федерација.

Австриската ски федерација пак изрази разочарување од ваквата одлука на Hirscher со изјава за медиумите дека му се понудени најдобри услови во случај на повраток  но со акцент за поддршка на неговата одлука со оглед на големото значење и остварувањата на Marcel во спортот.

Од друга страна Холандската ски федерација со воодушевување ја прими оваа одлука: “Пресреќни сме за неговиот избор и се надеваме дека ова ќе донесе голема вредност за скијањето и за сите зимски спортови под наша капата ” изјави техничкиот директор федерацијата. Никогаш оваа земја немала елитни натпреварувачи во Алпско скијање што е разбирливо за една земја без ски центри и планини. “Marcel е глобална икона и инспирација за сите скијачи и ентузијасти на зимските спортови во Холандија” се зборовите а пред се очекувањата за развој на овој спорт во земјата.

Hirscher ќе се фокусира на подготовки за сезоа 2024/25 и со нетрпение ги чекаме битките со актуелниот шампион Odermat. Оваа вест внесе дополнителни возбудувања во спортот, откако уште еден пулен на Red Bull младиот скијач Lucas Braathen го замени норвешкиот со дресот на Бразил (неговата родна земја).

Претходен написи
“Ројалти” меѓу материјалите, австралиска мерино волна
Следен напис
Јужна хемисфера oтвара откако рано им падна снегот