Во Битола, на Пелистер минатата недела се оджа балканскиот велосипедски Downhill Cup. На патеката долга 2.100 метри и висинска разлика од 425 метри се натпреваруваа над 70 учесници. Натпреварите беа спроведени по правилата на интернационалната и Македонската Велосипедска федерација.
Иако за поголема безбедност и стабилност поради дождот времето не им беше во прилог, сепак не изостанаа адреналинските брзини и скокови. Неизбежни беа и вознемирувачките падови но тоа е дел од оваа брутална кагегорија на натпревари.
Организаторот во соработка со спонзорите и партнерите обезбеди награди за најдобрите три времиња од сите категории:
Првото најдобро време беше наградено со 400 евра и ја освои Стивиан Гатев од Бугарија со време 3:21:647.Второ место, Александрос Топкароглу со време 3:25:237 и парична награда од 200 евра, а третото место му припадна на битолчанецот Александар Николовски со време 3:29:430 и парична награда од 100 евра.
На трката имаше натпреварувачи од Србија, Грција, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Велика Британија и од Македонија.
Фото Петар Тасевски