Финалето на Светскиот Куп во алпско скијање во Италија е откажано во Петокот заради ширењето на корона вирусот. Италијанската зимска спортска федерација го закажа настанот за 18-22 Март во Cortina d’Ampezzo да се одржи без навивачи но сепак FIS го откажа целосно настанот. “Со големо разочарување ја прифаќам оваа одлука,” изјави претседателот на италијанската ски федерација Flavio Roda . “
Исто така ова ќе беше и најава за новата ски патека за мажи која ќе стартува наредна година во овој ски центар познат како “Кралица на Доломитите” . Многу земји поставија рестрикции за патување во Италија.
Вкупно девет настани беа закажани во Cortina: четири за жени , четири за мажи и тимски паралелен настан.
Правилата на Светскиот Куп спречуваат да се префрли финалето на друга локација. Shiffrin објави во четвртокот дека се враќа на терените во Европа, но и останаа само трките во Åre, Sweden каде доколку скија ќе се обиде да го надмине дефицитот од 153-поени од ривалка Federica Brignone.
“Ова е нејасен начин да се заврши сезоната. Тоа што навистина ме погодува е немањето на прослава за наградите, што претставуваше еден посебен момент да се сподели со целиот тим и задоволството да се чуе националната химна.
“Навистина сум вознемирена. Со нетрпение го очекувавме викендот пред домашната публика и фанови за да ја завршиме оваа одлична сезона на најдобар можен начин. Уште по вознемирувачки е тоа што во последно време скијам одлично и секоја трка е можност да се постигне добар резултат … а исто така ова значи дека ќе завршам втора во super-G пласманот зад Corinne Suter заради една стотинка заостанување што ме чинеше победа минатата трка во La Thuile,” изјави 29 годишната Brignone.
Shiffrin би била помеѓу фаворитите на трите трки за жени во Åre, Шведска со почеток нареден Четврток во: паралелен слалом, веле слалом и слалом (нејзина дисциплина).
Shiffrin е позиционирана зад Federica Brignone за 153 поени на табелата. Американската суперскијачка зеде еден месец одмор надвор од скијачките терени по смртта на својот татко. Shiffrin го загуби водството во овој период од еден месец. Shiffrin вели дека малку вежбала и тоа со потешкотии.
Petra Vlhová која е исто така во конкуренција за женската тирула е со 189 поени задоцнување зад Brignone, која е во обид да биде прва Италијанка што го освоила големиот кристален глобус.
За мажите ќе има уште два викенда на трки со што Alexis Pinturault е водечки во генералниот пласман со само 26 поени пред Aleksander Aamodt Kilde, а 107 поени пред Henrik Kristoffersen.
Титулата за мажите се решава на брзинските дисциплини во Kvitfjell, Норвешка како и техниките трки во Kranjska Gora, Словенија.
Додека пак Beat Feuz од Швајцарија сега е веќе шампион во спуст пред Thomas Dressen од Германија.