Австралиската дивизија на Vail Resorts (Mt Hotham, Falls Creek и Perisher) ќе бидат отворени на 24 јуни. Тие ги истакнаа своите планови да работат со капацитет од 50% со мерки за физичко растојание, според тековните упатства на австралиската влада.
Vail Resorts објави COVID-19 безбедносен оперативен план за своите австралиски одморалишта, фокусиран на заштита на вработените, гостите и заедницата во која работи компанијата. Планот меѓудругото вклучува, користење исклучиво на електронско плаќање, само членови на иста фамилија можат да се возат заедно на жичара, физичко растојание и задолжителна дистанца, зголемена примена на хигиенски практики.„Безбедноста на нашите вработени, гостите и заедницата во која работиме е наш најголем приоритет. Ние сме посветени да им обезбедиме на нашите гости соодветни информации за тоа како ќе работиме оваа сезона, за да можат да донесат информирани одлуки за себе и за нивните семејства. Скијање и сноубординг во нашите одморалишта ќе бидат различни оваа сезона, но се чувствуваме уверени дека ќе обезбедиме одлично искуство за посетителите. Ако има дополнително олеснување на правилата за физичко растојание, ние брзо ќе се прилагодиме за проширување на услугите, но ќе продолжуваме да даваме приоритет на превенцијата и безбедноста. “ изјави сениор менаџментот на центарот.
Vail Resorts е моќна американска компанија која поседува скоро 40 ски центри и одморалишта во САД, Канада и Австралија, меѓу нив и реномираните Whistler Blackcomb, Beaver Creek Resort, Park City, а котира и на њујоршката берза, New York Stock Exchange.