Најочигледни симптоми за дехидрираност е жедта. Многумина се склони чувствота на жед да го мешаат со глад. Во лето изложеноста на дехидрирање е поголема во однос на зимските тури. Симптомите кои ќе ви покажат дека на вашето тело е жедно и му треба вода:
Најчести симтоми при напорни тури на планина, блага до умерена дехидратација – сува кожа, сува, леплива уста, замор, главоболка, зашеметеност, вртоглавица, поспаност, намалена количина на урина и солзи, мускулни грчеви.
Тешка дехидратација – екстремна жед, низок крвен притисок, срцебиење, забрзано дишење, иритабилност, конфузност, потонати, вдалбнати очи, сува кожа која не се враќа кога ќе се штипне, треска, мала количина темна урина, делириум, бесвесност во тешки случаи. Хроничната дехидратација може да води до создавање на каменчиња во бубрезите, запек и грчеви поради електролитна нерамнотежа.