Голем пад на патничкиот сообраќај

Вести

Според Државниот завод за статистика, второто тримесечје од 2020 година има над 60% намалување на транспортот. Во патнички превоз со автобуси превезени се вкупно 7 136 патници и во однос на претходната година нивниот број е намален за 64.8%.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници со автобуси во градскиот превоз е намален за 68.6 %, во приградскиот превоз за 56.7 %, во меѓуградскиот превоз за 74.8 %, а во меѓународниот превоз за 99.7%.

Во второто тримесечје од 2020 година, во однос на истиот период од 2019 година, патничките километри во автобускиот патнички превоз се намалени вкупно за 88.2 %. Според видот на превозот, патничките километри во градскиот превоз бележат намалување од 88.8 %, во приградскиот превоз 83.9 %, во меѓуградскиот превоз 80.6 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 99.7 %.

Претходен написи
Од септември до Галичник по нов асфалт
Следен напис
Исклучени Северноамериканските трки од Светскиот куп во Алпско скијање