Австралиските ски центри отворија

Вести

“Свежите снегулки продолжуваат да паѓаат! 18 сантиметри свеж снег оваа недела, мајката природа продолжува да дава студени вибрации со уште едно снежно утро. ❄ Нашето село е зимска земја на чудата на ведро сино небо!”

“Досега паднаа над 10 сантиметри свеж снег и има уште на пат! ❄ Селото е зимска земја на чудата, а планината повторно е обложена во бело. Нашите снежни танци се исплатија 😍🕺”

Ова се дел од најавите за почетоците на возбудлива ски сезона ако може така да се каже. Австралиските ски центри се повеќе мака мачат со благите зими и се помалку врнежи.
„Иако има мало отсуство на бели работи за скијање на теренот, сè уште има многу забава планирана за долгиот викенд на Роденденот на кралот без да се вртат лифтовите“, се вели во соопштението на Хотам.

Falls Creek Victoria alpine resort

Во меѓувреме додека чекаат поголеми снегови Perisher Resort New South Wales организираа аукција и продажба на двосед клупи од стари лифтови. Собраа над 195 илјади американски долари за локалната заедница, животната средина и младинските организации.

Многу сме благодарни за нашата страсна заедница.” наведоа Perisher

Претходен написи
Македонец дизајнираше за Deuter собра две награди
Следен напис
Прооден Stelvio највисокиот планински превој