Менаџер на позната хрватска банка отишол на скијање за време на боледувањето. Банката испратила приватен детектив , по што му врачила известување за раскинување на договорот за работа, но судот неделава одлучи дека тоа е е незаконски.
Банката сега мора да му исплати отштета во износ од 14.240 евра и да му ги покрие трошоците од 1.500 евра.
Управителот на позната хрватска банка во пресудата наведува дека скијањето го платил уште во ноември, но претпоставениот кон средината на декември ланската година му рекол дека одморот не му е одобрен.
Сепак, на 5 јануари тој сепак решил да оди на скијање и се вратил на 8 јануари за да не му биде целосно изгубена уплатата. Тој ден морал да земе боледување, а на 10 јануари завршил на итно болничко лекување во Албервил, од каде итно бил префрлен во болница во Шамбери, Франција. Коронарниот ангиограм открил дека тој развил висинска болест додека престојувал на планината.
И покрај се, банката му врачила вонреден отказ, оправдувајќи го со наодите на приватен детектив, од кои евидентно е дека „менаџерот го реализирал планираното приватно патување во Франција и покрај неодобрениот годишен одмор“, стои во пресудата на Општински суд за труд во Загреб.
„Воопшто не се разболел, а сигурно не се разболел и на 7 јануари затоа што тој ден го поминал во ски-центарот, но во позадина на се е тоа што го реализирал својот план за приватно патување за време на период за кој платил, без оглед на неговата работна обврска, патувања и одмори.
Откако дознал дека банката иницирала контрола на неговото боледување, на неговото патување во Франција, тој почнал да собира медицинска документација за да ја докаже валидноста на неговото боледување.