Додека ние се мислиме регионот стартува со скијање

Вести

Копаоник деновиве веќе најави старт на скијањето на почетокот, поточно на 3 декември. Центарот стартува со 4 нови ски патеки и комплетно новата најмодерна гондола која е речиси готова.  Гондолата Брзече – Мали Караман започна да се гради на почетокот на март годинава со должина од околу 3.7 км и инвестиција од 22 милиони евра. Гондолата има за цел да го избегне и премости сообраќајниот хаос како и зимските прилики и неприлики кои го отежнуваат пристапот со возила до ски центарот.

Боровец ги објави цените на ски картите за новата сезона, а најави дека ќе стартува со работа на 19ти декември или порано ако е тоа возможно. Неговиот конкурент и сосед Банско се уште нема објава кога ќе започне со скијање, но веќе ги продава картите.

Слично е и со Јахорина каде се продаваат карти но се уште не е објавен датумот за старт. Јахорина исто така објави дека за новата сезона влегува со нови ски патеки.

Претходен написи
Илина Арсова добитник на 13-Ноемвриска награда
Следен напис
МАИСС обуки за ски и сноуборд инструктори