Must see

Спомен-куќа на Тоше Проески

Сеќавање на момчето со ангелски глас и широко срце

Anhoch

Инфо

Тоше Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) за кратко време стана најпопуларен пејач во Македонија и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена. Во 2004 година беше прогласен за амбасадор на добра волја UNICEF. Трагично загина во сообрќајна незгода. Постхумно, беше прогласен за почестен граѓанин на Македонија. Крушево, неговото родно место, му се оддолжи со отворањето на спомен-куќата на 25 април 2011 година.

Обејктот е изграден од бетон и стакло во форма на крст на површина од 870 квадратни метри. Музејската поставка обезбедува хронолошки приказ од детството и тинејџерските години до периодот кога Тоше го достигна врвот во уметничката кариера, збогатена со 350 автентични експонати, сопственост на семејството Проески. Во централниот дел е поставен молитвеник, верски предмети на Тоше и неколку негови запишани размислувања за љубовта, семејството, пријателството. Дел од поставките се и две восочни фигури на Тоше во природна големина.

Contact

-

Мапа

Други региони:

Anhoch