Tour de Galičica 2026

Ledlenser

Инфо

20.06.2026 · 08:00 - 21.06.2026 · 18:00

Останува уште многу малку до Tour de Galičica — настан кој низ годините прерасна во традиција, препознатлив симбол на љубовта кон Преспа, природата, спортот и авантурата.
Уште од 2014 година, велосипедско-планинарскиот клуб „PrespaBike“ со огромна посветеност го организира „Tour de Galičica“, воден од една и единствена цел — афирмација на убавините на Преспа и нејзините природни богатства.
И оваа година, како и во претходните изданија, настанот е поддржан од „Општина Ресен“, „Македонско еколошко друштво“ и ,,Н.П. Галичица”, а особено нè радува првата соработка со нашите пријатели од „Prespa Run & Fun“, со кои заеднички го организираме и овогодинешниот камп во Претор.
За сите љубители на природата и активниот живот, оваа година ги подготвивме следните активности:
• Велосипедска тура низ Н.П. Галичица
• Планинарска тура до врв Магаро и врв Кота Ф10
• Рекреативна планинарска тура до Лиса, с. Коњско и остров Голем Град
• Рекреативна велосипедска тура до Лиса, с. Коњско и остров Голем Град
Пред нас е уште едно незаборавно издание исполнето со дружење, спорт, адреналин, прекрасни пејзажи.
Ве покануваме да бидете дел од оваа приказна и заедно да создадеме нови спомени.
Се гледаме во Преспа.
Се гледаме на Tour de Galičica 2026!
21.06.2026

Contact

Мапа

Мапата ќе биде достапна наскоро.