About the ski center
Скијачкиот центар Отешево се наоѓа на планината Галичица. Сместен во реонот Суво Поле, на базна висина од 1.480 м, а највисоката завршни точка е 1.984м врвот Лако Сигној. Поседува една двосед жичара и два ски лифта. Не е активен повеќе до деценија.
Галичица е атрактивна за турно скијање со повеќе фрирајд зони под врвовите Магаро (2.252 м) и Кота Ф10 (2.265 м). Зони што се карактеризираат со снег кој се задржува подолго време во текот на зимскиот и пролетниот период. Овие предели се тешко достапни во зимски услови, и до нив може да се пристапи само пеш или турно скијање. Магична планина, широк хоризонт, две езера, скијање на зајдисонце со поглед на темно сините езерски води и амбиент како од скандинавските фјордови. Атрактивно е и зимско ледено алпинистичко искачување низ околните кулоари. Препорачуваме да ангажирате искусно лице водич во планина. Во непосредна близина на главните врвови лоциран е планинарскиот дом Спиридон.
- Location Galichica National Park, Prespa Region, North Macedonia
Forecast / weather
7-day forecast: Open-Meteo
Map
Accommodation
Во Галичица има хотели, апартмани и викендички од 3* до 5*. За препорачани објекти со фотографии и контакт, погледнете ги картичките подолу.











