Според европските статистики на Еуростат, во 2017 година, земјите од Европската унија направиле извоз од 7,3 милиони пара скии и сноуборди. Ова е дури 3,3 милиони парчиња помалку во однос на десет години претходно. Речиси 60% од нив (4,3 милиони предмети) се тргуваат во рамките на ЕУ.
Австрија доминира во трговијата и зема една третина од извозот на скии и сноуборди. Во земјите-членки на ЕУ, Австрија реализирала извоз од 2.5 милиони пара скии и сноуборд или 34% од вкупниот извоз на земјите-членки на ЕУ, а потоа следи Обединетото Кралство со 14%, Германија со 674 100 парчиња околу 9%, Бугарија 8%, Франција (590 000 парчиња, 8%), Чешка (561 700 парчиња, 8%), Шпанија (454 400 парчиња, 6%), Словенија (344 300 парчиња, 5%) и Италија (324 300 парчиња, 4%).Скијачката и сноуборд опрема од ЕУ главно се извезуваат во САД, дури 46% од опремата, па следат Норвешка и Швајцарија со 10%, Канада со 8%, Кина 6% од извезените (увезените) количини. Половина од увозот на скии и сноуборди во ЕУ доаѓа од Украина.
Во 2017 година, земјите-членки, увезувале 1.5 милиони скии и сноуборди од земји кои не се членки на ЕУ. Речиси половина од тој увоз доаѓа од Украина (731.400 парчиња, 49%), потоа Кина (420.600 парчиња, 28%) и Тајван (129.200 парчиња, 9%).