Фотофиниш Tour de France: Pogacar победува пред бившиот ски скокач Roglic

Вести

Во годинешното издание на Tour de France се одбележа фотофиниш завршница на Tadej Pogacar кој за сламка го зеде првото место од Primoz Roglic поранешниот ски скокач.  Да ја закачите првата и втората позиција во најголемата трка во светот е голем чекор за една од најмалите велосипедски нации со популација од два милиона жители што импонира во Француските спортски вести (земја чија самостојност е 30г).

Tadej Pogacar го шокираше Primoz Roglic.  Тој беше водечки за цела минута пред сонардникот се до саботниот спринт (популарно time trial) со 30км covers 30km на рамен пат и 6km искачување до целта, и не се очекуваа драматични промени до крајот. Но тогаш се случи права драма за Roglic чија предност се истопи, а тој ја изгуби жолтата маичка од сонародникот , пред ревијалното возење на Champs-Élysées.

Двајцата словенци ги вкрстија роговите уште во јуни на словенечкиот национален шампионат во time trial , каде Pogacar го победил Roglic за 9 секунди.

Додека Roglic со болна гримаса на лицето ја пројде целната линија, Pogacar веќе славеше и изјави: “Мојот сон беше само да учествувам на Tour, а сега победив.” Потоа следеше прегратка и честитање од страна на повозрасниот словенец.

Со пет словенци на натпреварувањето ова е еден интересен податок за трката што бара повеќе информации за фановите. Словенија има две интернационални натпреварувања од кои Tour de Slovenia, од 1993г, како и Kranj Grand Prix. По распадот на Југославија, доста словенци возеа како професионалци додека пак во 2001та се возеше во Љубљана, финална етапа на Giro d’Italia. Два тима се познати како развојни во земјата и тоа, Ljubljana, каде започна Pogacar и Adria Mobil, бившиот тим на Roglic. Ова не се првите ѕвезди на Словенија во велосипедизам: Janez Brajkovic беше тимски колега на Lance Armstrong во Discovery.

Primoz Roglic и Tadej Pogacar се невообичаениот двоец од Словенија кои дојдоа до светска слава. Двоецот Pog и Rog се двајца сосема различни карактери

Roglic дојде во светот на велосипедизмот по прекинување на кариерата во ски скокови. Роден во градот Kisovec со осум години континуирани напори возење веќе е во врвот а дојде во спортот неверојатно доцна.

Веќе стана редовна шега на коментаторите да го окарактеризираат Roglic (30г) како поранешен ски скокач но ова е толку неверојатно земајќи предвид колку се важни зимските спортови во Словенија и што се покажало клучно за неговата кариера како велосипедист.

Започнал со ски скокови на13г но пресвртот е една лоша незгода на 17г по што ја уназади неговата кариера во скијање и го охрабри да бара нешто поинакво.

Неверојатно е што на возраст од 22г во 2012 започнал со возење велосипед професионално, а на таа возраст веќе топ велосипедистите се во својата 10та сезона од натпревари. Иако нема допирни точки помеѓу овие спортови, Roglic истакнал дека токму скијањето ја развива снагата и фундаменталната сила. Иако започнал да се трка со голем хендикеп во поглед на управување со велосипед и тактики кои се учат во најмлада возраст.

Во тој контекст, во прогресија да стане првиот словенец кој победил на етапа од  Grand Tour во 2016г и на Giro d’Italia од кога Roglic почна да ниже победи за својата земја: етапна победа на Tour de France (2017) и минатата година во Шпанија на Vuelta.

Pogacar, пак е неверојатен талент кој пак е во велосипедизмот од вистинска возраст и е најмлад победник на етапа од Светската Тура кога победи на трка од Tour of California во 2019г. Сега стана најмладиот победник на Tour de France од 1904г наваму.

Pogacar е дел од една златна млада генерација која треба да доминира и наредниве години додека пак за Roglic ќе пишуваме малку повеќе во брзо време за неговата транзиција од ски скокач во велосипедист.

Додека словенечките фанови се уште се обидуваат да ги сумираат впечатоците, по три недели возење без ниту еден позитивен возач каде главен фокус беше тестирањето од корона вирус се случи еден од најневеројатните пресврти на Tour и најмлад победник во последните 100г.

Претходен написи
Еден од најпопуларните норвешки спортисти повторно скандалозен
Следен напис
ГРЕГОР ХАЈН ПОБЕДИ НА УЛТРАМАРАТОНОТ НА ГАЛИЧИЦА ДОЛГ 107 КИЛОМЕТРИ