Пред патека речиси без публика, како на тренинг, момчето од норвешката ски дивизија, Lucas Braathen со својот првенец златен медал ја започна со стил сезоната во Алпско скијање во Sölden.
Со неверојатно второ возење и премин од 5то на 1во место дојде до прва победа во кариерата во велеслаломската трка во тесна трка со швајцарецот Marco Odermatt, кој беше побрз во второто возење за 0.02 но со комбинирано време за 0.05 побавно од тоа на Braathen. Уште еден Швајцарец, Gino Caviezel заврши на подиумот со трето место откако беше водечки во првата трка но потфрли во втората.
Тој се протна низ “иглени уши” и за 0.03 секунди побрзо од четвртопласираниот Французин Alexis Pinturault (втор во генерален пласман минатата сезона во веле слалом).
За првите двајца ова е прв подиум во кариерата.
Фаворитот од Норвешка Henrik Kristoffersen отпадна на петто место откако имаше трето најдобро возење по првиот круг…а го подели петото место место со Швајцарецот Loïc Meillard.
Kristoffersen е ланскиот победник на Светскиот Куп во веле слалом.
Трката во Sölden се одвиваше без публика додека пак изостанаа тројца Руски скијачи кои не настапија заради суспектни двајца тренери од тимот со COVID-19.
Следната трка од Светскиот Куп во Алпско скијање на 14ти Ноември во паралелен веле слалом во Lech-Zürs на Австриските Алпи.