Каде има скијање во септември?

Вести

На почетокот на есента, само шест ски зони “во комшии ” се речиси загарантирани да бидат во функција за скијање во рана сезона. Ако сте од оние кои имаат шанса да го направат тоа периодов супер, но и опција да испланирате соодветна резервација на финансии на пример за следното лето. Едноставно летно или рано есенско скијање на глечер е посебно задоволство. Каде е најдобриот снег во Европа за септември?

Zermatt во Швајцарија, кој ги стопанисува највисоките лифтови во Европа, достигнувајќи 3.899 метри и глечерот Hintertux во долината Zillertal во Австрија, и двата центри се отворени преку целата година. Соседот на Zermatt , Saas Fee, отвора секоја година кон средината на јули , така што со почетокот на есента е тој е веќе два месеци оперативен во својата 10-месечна сезона на снегови!

Matterhorn, Bergbahnen

Четвртата опција е Pitztal, со највисоките лифтови во Австрија, која затвора во средината на мај, но повторно отвора во средината на септември за осуммесечна сезона, а неговото сестринско одморалиште, Kaunertal, работи според сличен распоред. Шестиот избор е италијанскиот Val Senales, кој вообичаено отвора на почетокот на септември (зависно од временските услови) каде што жичарницата ќе ве подигне за 6 минути до станицата во Hochjochferner од каде што ве чекаат 8км спуст возможен со дополнителни патеки достапни од поврзани лифтови.

Val Senales

Инаку центрите со највисоки лифтови Zermatt и Pitztal користат една од најреволуционерните технологии од израелската компанија IDE. Технологија која произведува снег во сите временски услови чии минимален квалитет односно најлоша произвдена варијанта е еквивалент на пролетен снег. Системот потекнува и бил усовршен од технологии за ладење кои се користеле во рудници во Јужна Африка на температури над + 30С. Овие ски зони најчесто и немаат потреба да се надополнуваат со снег, но бизнисот не трпи екскурзии па опремата е секогаш тука за пополнување дупки посебно во исклучителните топли и суви лета изминативе години.

Претходен написи
Исклучени Северноамериканските трки од Светскиот куп во Алпско скијање
Следен напис
Зошто жените се подобри планинарски водичи?