Како што веќе објавивме, патеката деновиве треба да добие вертикална сигнализација и ќе го има финалниот изглед. Патеката е со должина од 3.5 км, нејзиниот старт е од полициската станица до Средно Водно. Патеката е со променлива широчина, најмногу до 3 метри , ја следи постојната конфигурација на теренот , не го нарушува природното опкружување, а при изградбата не се оштетени или исечени околните дрвја.
Патеката е нагорна планинска велосипедска патека, една од трите планирани велосипедски патеки. Движењето во спротивна насока односно надолу ќе биде најстрого забрането. За оваа намена се предвидува патека која ќе се изведе паралелно со постоечката, а на неа ќе биде забрането движењето нагоре. Со тоа, велосипедистите ќе добијат комплетна алтернатива за искачување и спуштање на Средно Водно во однос на асфалтниот пат кој води до горе и е преоптеретен со сообраќај во деновите погодни за рекреација. Третата патека е предвидена за спуштање од врвот Крстовар до Средно Водно. Таа ќе биде за поискусните во овој спорт.
фото Mustseedonia