Како се спремаше Schladming

Вести

Schladming е една од најжешките арени во алпско скијање. Натпреварувачите како пред ниту една друга арена скијаат пред 45000 еуфорични фанови на алпското скијање во живо. Австријците вложуваат многу труд во спремање на скијачите настани од овој тип, како за супер брзиот Kitzbühel, така и за стилскиот, вештиот Schladming. Повеќе од недела дена пред настанот патеката се затвора за посетители, скијачи и влегува во процес на подготовки, заледување, пеглање, дополнување со свеж снег од високите алпски зони, се монтираат трибини, штандови. Покрај локалните клубови и ски школи, напомош доаѓа и армијата се со цел, патеката и околината да бидат спремни, трка да има, евентот да се одржи на најдобро можно ниво.

Светот гледа, бројни гледачи посакуваат да бидат идни посетители, туристи и гледачи во живо. Тоа е енергијата на локалните власти, компаниите и туризмот кој е одговорен за локален и регионален развој.

Направија твојата дестинација убава , весела и чиста, преку спорт, деловни и патувачки настани се популаризира и се афирмира секоја локација, која и не мора да биде слика од бајките за луѓето од светот да доаѓаат, а локално да се победува.

 

Претходен написи
Анхоч најави прв турнир во Теккен 8 во Македонија!
Следен напис
Француско-Италијански ски зони даваат попуст за скијачи кои пристигнуваат со воз