Трошоците за живот во Zermatt, еден од најексклузивните и светски познати ски центри се токму во корелација со неговиот имиџ. Според hikersbay аналитика, цените за живот се за 1,45 пати поголеми отколку во Вашингтон или само 1,21 пати поголеми отколку во Њујорк.
Па така, тоа што го ѕирнавме по интернет, цените во просечен маркет на одредени продукти се движат во сооднос барем 3-5 пати повеќе од македонскиот пазар.
За стандардни производи во маркет треба да платите:
Шише или тетрапак млеко (1 литар): 350 денари (6,00 CHF)
Популарно жолто швајцарско сирење (1кг): 1150 денари (20 CHF)
Шише пиво од позната марка: 350 денари (6,00 CHF)
Колбаси или филета (1 кг): 1210 денари (21 CHF)
Вино со среден дострел (едно шише): 580 денари (10,00 CHF)
Колку пари требаат за еднонеделен престој во Zermatt ?
Доколку сакате да поминете една недела во Zermatt , цената на вашиот престој би се движел, хостели 32 евра до 4-5 ѕвезди хотели од 200-500 евра нагоре.
47.880 денари (840 CHF) – ефтин престој 7 дена (кај гиго во шупа);
74.100 денари (1.300 CHF) буџет патување;
108.300 денари (1.900 CHF) за комфорен престо, а за недела луксуз, треба да брцнете подлабоко во џебот и да извадите барем 300.000 денари, 5000 еура или 5.700 CHF.
Колкава е цената на оброците (појадок / ручек / вечера)
Во Zermatt , типичен оброк за брза храна, пример Burger King или McDonalds чини околу 1100 денари (18 CHF) , само бургер нешто над 300 денари. За кафе пауза и сликање на Instagram, капучино 285 денари (5,00 CHF), а еспресото 200 денари (3,50 CHF). Ручек во локален ресторан во просек чини од 1500 денари нагоре по лице.
Но не очајувајте, знаете и сами дека измачените македонски бизнисмени и оној скијачки слој кој заработува добро низ Македонија е спремен да помине и 5 дена аскетски живот за да прошета низ алпите. Но сепак барем 1000 евра носете со себе имајќи во предвид дека 350 евра треба да издвоите само за 5 дневни ски карти. Ова секако се цени за едно лице. Второ, квалитетот на живот е толку висок што и најевтините сместувања се прилично добри и средени во алпски амбиент и стил.