Крупни чекори за Dominik Paris во Zermatt

Вести

Италијанскиот ас ги одржа сите предвидени припреми изминатава недела заедно со тимските колеги од репрезентацијата и најавува враќање во спуст. Џиновски чекори кон целосно опоравување, што може да го доведе до натпреварувачка кондиција за претстојниот 12ти Декември во Val d’Isère, речиси 11 месеци по несреќата со вкрстениот лигамент.

Enjoy and relax – објави на својот Facebook профил

Dominik Paris кој пред месец дена ги стави скиите, на вториот собир со тимските колеги по една недела работа во Zermatt, даде одлични резултати според тренерот на екипата во брзите дисциплини, Alberto Ghidoni.

Во Breuil-Cervinia пак се завршија припремите на женскиот тим на Италија, а Federica Brignone, Marta Bassino и Sofia Goggia со последен тренинг во слалом. Земајќи предвид дека се ближи почеток на сезоната и караванот на натпревари, ваквите здружени припреми се добредојдени за Светското првенство во Cortina за ова елитно трио на Италија.

 

Претходен написи
Денес во МКЦ промоција на “Планинарење” од Илина Арсова
Следен напис
Дали планините го убиваат вашиот мозок?