Крушево развива активен туризам преку велосипедизам

Вести

Активниот туризам спас за туризмот во Крушево. Питомата природата , бројните велосипедските (шумски) патеки и оние кои се градат се сериозен потенцијал за туризмот во Крушево.  Швајцарсата Агенција за развој, Македонската Агенција за поттикнување на развојот на туризмот, македонските велосипедски клубови, крушевската локална самоуправа и угостителскиот сектор го поттикнуваат алтернативниот туризам.

Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, туристичкта сезона во Крушево е релативно стабилна, а алтернативниот туризам ги зголемува можностите.

-Со оглед на пандемијата, приспособени сме на привлекувањето на домашните туристи. Ситуацијата ја стабилизиравме и не се големи штетите во туристичкиот сектор. Во моментов, сместувачките капацитети во Крушево се искористени 30 до 40 насто. Интензивно работиме со Агенцијата за поддршка на туризмот, со нашите пријатели од Швајцарската амбасада и со програмата за пазарна вработливост која се грижи за препознавањето на Крушево како посакувана дестинација. Имаме алтернативни форми на туризам и со угостителскиот сектор работиме на привлекувањето туристи од овој сектор, вели Христоски.

 

Преку грант на Светска банка досега во Крушево се обележани 32 километри патеки за велосипедизам и планинарење. Во изминатиов месец, заедно со Агенцијата, хотелот Панорама и угостителите, се обележани  уште 20 километри од патеките за почетници, аматери и за професионалци.

Според Јаким Митрески, угостител и проект-менаџер првпат се организира работилница за маунтин-бајк заедницата во Македонија за угостителскиот, приватниот сектор.

-Работилницата е за да се запознае угостителскиот сектор за овој вид туризам. За да може велосипедистите каде да се сместат, каде да го сервисираат својот велосипед. Работиме и за цели фамилии да се сместат и да рекреираат. За угостителите е голем напредок, природата дава многу во Крушево. Угостителите ќе може да работат со поинаков вид туристи, вели Митрески.

Тања Георгиевска од Програмата за пазарна вработливост на Швајцарската агенција за развој смета дека до пролет ќе се оспособат патеките за планински велосипедизам.

-Програмата за пазарна работливост, поддржана од Швајцарската агенција за развој подолго време работи во Крушево. Во изминатиов период го поддржавме параглајдингот, ги поддржавме хотелите и нашата соработка ја продолжуваме во диверзификацијата на туристичките производи. Тука сме да креираме соработка во креирањето нови производи како дополнителни сегменти на оваа дестинација, со поддршка на експерти од Швајцарија. Патеките треба да бидат готови на пролет и ќе биде дополнителен производ кој може туристот да го користи во Крушево, објаснува Георгиевска.

Зоран Јаневски, претседател на Здружението на велосипедисти „Велес-бајкинг“ смета дека Крушево е ресурс што не трба да се пренебрегне.

-Сметам дека Крушево со помош на институциите и на приватниот сектор може да стане една од водечките дестинации на велосипедскиот туризам не само во земјава туку и на Балканот. Планинскиот велосипедизам подолго време има нагорна линија во државава. Активен е седум до осум години, последните две до три години зема голем замав. Освен што нуди добра забава и здравје, нуди и развој на руралните средини, зашто е слаба точка на државата, вели Јанески.

Здравко Ристески, од организацијата на „Крушевска корија тур“ смета дека Крушево полека станува препознатливо и според планинскиот велосипедизам.

-Конечно во нашава држава се организира покренување ваква иницијатива да се искористат богатствата во Пелагонискиот регион. Сите учесници ги  согледуваат можностите за тоа дека Крушево нуди можности за адреналинскиот туризам. Досега Крушево беше препознатливо само по параглајдерството, но последниве години на големо се промовира планинскиот веосипедизам. Се повеќе патеки се обележани и достапни се за учесниците не само од земјава, туку и од регионот и од Европа. Така, Крушево влегува во мапата на спортовите на отворено, објаснува Ристески.

Јовче Даскалоски од „Екстрим бајк“ клубот од Битола нагласува дека преку 10 македонски клубови со над 300 членови чекаат да имаат услои за спортување и го наоѓаат во Крушево.

-Ова е голем придонес за развој на велосипедизмот. Се занимавмае со планински велосипедизам. Имаме многу млади членови, смета Даскалоски.

Според Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за поддршка на туризмот најголемиот наплив е од домашните туристи и до крајот на годинава.

-Во моментов туристичката сезона ја оценувам со нагорна линија. Туристичките капацитети во јули и август беа преполни од домашните туристи и очекувам август да генерира речиси еден милион ноќевања и очекувам до крајот на годинава да оствариме околу два милиона ноќевања. Инаку, во јули имавме само минус четири проценти во ноќевањата на домашните гости. Во август капацитетите стопроцентно беа полни и сметам август и септември да го намалат минусот во ноќевањата, изјави Јаневски.

Јаневски очекува солидни резултати за туризмот, до крајот на годинава, со оглед на состојбите.

 -Сметам дека е задоволителен падот од минус три проценти во ноќевањата. Значи, се толерира падот од ноќевањата од 30 до 40 проценти. И до крајот на годинава очекуваме само домашнио туристи, вели Јаневски.

Крушево ќе биде задоволно од алтернативните можности за туризмот до крајот на годинава.

Претходен написи
Светскиот Куп во Алпско скијање ќе започне една недела порано
Следен напис
Денес во МКЦ промоција на “Планинарење” од Илина Арсова