Каква ќе биде иднината на центарот. Јавноста постојано е вознемирувана од насловите за Кожуф, а планината веќе скоро деценија наназад е оставена сама на себе. Според севкупните состојби не очекуваме скоро рестартирање на центарот. Туризмот во заложништво на низа лоши одлуги на државните и приватните сегменти. Наместо гондола (Смрдлива вода – ски центар) која живот значи, на Кожуф се потрошија милиони евра за нефунцкионале пат кој пропаѓа и за кој никој не сноси одговорност.
Во медиумите се прошири информација која реално не носи ништо ново, а тоа е дека е продаден движен имот на ски центарот Кожув. Скопска фирма, за 21,5 милиони денари (околу 350.000 евра) ќе стане сопственик на скијачката инфраструктура, откако осум дена по добивањето на решението ќе ги уплати парите. Одлука на Собранието на доверители на ски Кожув во стечај, кое се одржа во Основен суд Велес.
„Со мнозинство гласови од доверителите се прифати понудата за продажба на скијачкиот дел, движен имот на стечајниот должник“, изјави Богољуб Макревски, стечаен управник на ски центарот Кожуф.
Со продажбата се опфатени системот за правење снег, ски лифтовите, шестосед жичницата, ратрак машините за процесирање на снегот, возила за чистење снег и останата опрема.
„Проценетата вредност на центарот беше 173,87 милиони денари, а е купен за 21,5 милиони денари, што е 12,46 отсто од проценатата вредност. Изминатите години имаше 11 заинтересирани купувачи, но не и конкретни понуди. Моравме да ги разделиме движниот и недвижниот имот, оти десет години не работи и пропаѓа. Останува надежта дека сега ќе се јави и заинтересиран купувач на недвижниот имот, а тоа е земјиштето на ски-центарот“, додаде Макревски.
Овој чин на продажба го поддржа и поранешниот сопственик на ски Кожуф, Ангел Наков, кој своевремено во него вложи 19 милиони евра гринфилд инвестиција.
„Добро е што ски-центарот се продаде. Само поправката на оштетените столбови од жичницата ќе чини два милиона евра. Мислам дека за негов рестарт ќе бидат потребни околу три милиони евра. Но, не очекувам дека ќе биде во функција веќе наредната сезона, има многу работа“, рече Наков.
Надвор од темните моменти, ние сепак и оваа сезона уживавме и се дружевме со Кожуф, 26 март 2023.