Останати неколку места, контактирај не за повеќе детали!* Термин на поаѓање: 5 јануари 2024 година, пристигнување 6 јануари сабота, 8 дена престој, 6 полни дена скијање со вклучена ски карта Mont Blanc Unlimited. Повеќе информации и резервации skimacedonia и Nehar Travel
Chamonix на светско ниво едно од најживописните места со глечери до самата населба и врвови се до највисокиот во Европа, Монт Блан 4801 м.
Сместено на 1000м, наспроти навистина спектакуларните глетки од подножјето кон величествениот Мон Блан, амбиентот на Chamonix е дефинитивно уникатен, моќен и го одзема здивот. Chamonix нуди одлична палета на спортски продавници, центарот за Европа за спортска скијачка и планинарска опрема, најдоброто од најдоброто од целиот свет. Место каде што поминуваат сите светски планинари, место каде што се искачува кровот на Европа.
Активен ноќен живот, бројни ресторани и барови каде понудата и квалитетот е на високо ниво, а доколку сакате да искусите уживање кај одредени ресторани резервацијата со сигурност треба да ја направите неколку дена наназад. Цените вообичаени и прифатливи за центар и гратче од светски ранг. За среќа иако е атрактивен можеби го нема милионерскиот притисок на Courchevel или Val d’Isère. На десетина минути возење со атрактивниот панорамски воз се Les Houches и Saint-Gervais, полни со нагласен француски амбиент, домашни туристи и алпски шарм. На располагање ротшилдовиот ски центар Megeve, како и италијанското живописно село и ски центар Courmayeur.
90% од терените се над 2000 метри, Скијање со до надморска височина од 3.842 м
Chamonix години наназад привлекува скијачи кои бараат добар снег. Скијањето го има за сите, но е надпросечно захтевен,има крстосувачки плави и забавни црвени во Le Brevent, Flegere и Le Tour до сериозно напредни во Les Grands Montets. На располагање дури и реномираната Vallée Blanche, спуст од 23 километри, необележани ски патеки преку глечер под самиот Mont Blanc, рута која без локален водич не ни помислувајте да ја скијате.
Во наша близина се 6 зелени, 30 сини, 31 црвени и 10 црни трки. Околу 155 километри патеки. Но, аранжманот вклучува ски карта Mont Blanc Unlimited lift pass: со која добивате 394 ски патеки, 722 км патеки, 229 ски лифтови, од 1000 до 3777 м надморска височина, скијање во 3 држави (Франција, Италија, Швајцарија).
Неограничен пристап до областите на Chamonix :
- Chamonix-Les Brevent & La Flegere, областа Le Balme (Le Tour-Vallorcine), Grand Montets (Argentiere), Les Planards, Le Savoy, Les Chosalets, La Vormaine (семејна скијачка област на ниска надморска височина), жичарницата Aiguille du Midi, воз Montenvers, Гондола и Ледена пештера.
- Les Houches&Megeve Evasion Mon-Blanc-Megeve-Evasion Mont Blanc, вклучувајќи ги Rochebrune – Cote 2000, St.Gervais Mont-Blanc, St.Nicolas de Veroce, Les Contamines-Hauteluce, Jaillet-Combloux,
- La Gietaz Courmayer, Италија и Skyway lift – Секој ден ( информирајте се за специјална цена на повратен билет SAT Chamonix +33450580253 www.estore.arriva.it. Внимавајте: доколку сакате да одите истиот ден, почекајте 1 час.
- Crans Montana, Швајцарија
Други придобивки
Автобуси Evasion Mont-Blanc: Megeve од/до Chamonix (бесплатно при резервација на www.montblancnaturalresort.com )
Пристап до експресниот воз TER Mont-Blanc (од/до St.Gervais les Bains/Le Fayet)
Придобивка од Cham’Val пропусница:
- Спортски центар Richard Bozon (базен+сауна+амам)
- Les Planards – Sled on rails > 1 спуштање
- Лизгалиште Chamonix (вклучува лизгалки)
- Музеј Montagnard во Les Houches
- Аlpin museum
- Espace Tairraz
- Maison de L”Alpage
- Maison de la memoire et du patrimone
- Fitness area
- Cross-country ski
- Cinema Vox (The place cost 6,00€)
- Бесплатен автобуски превоз од Megeve до Valorsin
Chamonix располага со ефикасна скичка автобуска услуга која ги поврзува петте главни скијачки области со нашето сместување, така што можете да искусите и разгледате нова скијачки област секој ден. А тоа и го препорачуваме, особено Saint-Gervais, Megeve и Courmayeur. Сместувањето е во близина и на железничката станица.
Residence | CHAMONIX, MONT-BLANC 05.01.2024 | од 729 € |
Pierre & Vacances Premium La Ginabelle 4* | Ski F R A N C E 2024 |
Тип на сместување | Број на кревети | ||||||
8 | 7 | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | |
Апартман 1 спална, 4 лица | 769 | 849 | 999 | ||||
Апартман 2 спални, 4 лица | 839 | 939 | 1129 | ||||
Апартман 1 спална, 6 лица | 729 | 759 | 819 | ||||
Апартман 2 спални, 6 лица | 749 | 789 | 849 | ||||
Апартман 3 спални, 8 лица | 769 | 799 | 849 | ||||
MONT BLANC UNLIM ITED 6 DAY SKI PASS ВКЛУЧЕН |
Сместувањето е сленговски кажано, драма! Станува збор за 4* апартмани, резиденцијата е “Pierre & Vacances Premium La Ginabelle” 4*, сместена близу главната железничка станица. Преко пута е McDonald’s, катедралата Saint Bernard du Mont-Blanc, на 5 минути пешачење се сите подобри ресторани, барови, како и долгата улица со бројни спортски продавници и сите важни светски брендови за планинарење и скијање. Резиденцијата овозможува бесплатен интернет, приватен базен, фитнес сала, турска бања и сауна. Популарни места блиску до резиденцијата: Chamonix Casino, Richard Bozon Sports Complex и Crystal Museum Chamonix
Програма:
1.ден-петок. Скопје – Chamonix. Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 06:30 часот. Поаѓање за Val Thorens во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2 ден-сабота. Chamonix.: Пристигнување во пладневни/попладневните часови и сместување во апартманите помеѓу 15.00-20.00 ч. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање.
3–8 ден. Chamonix.: Шест дневно скијање во Mont Blanc Unlimited. Ноќевање
9. ден-сабота. Chamonix.– Скопје: Напуштање на собите до 09:30. Клучевите се предаваат на водичот. Поаѓање за Скопје со попатна посета (2 часа) на еден од најголемите шопинг outlet центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано. (Нема можност за заверување на Tax free на Хрватска граница поради долгата процедура која може да трае повеќе од 2 ч.)
10 ден – недела. Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
Во цената на пакет аранжманот e вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје– Chamonix.–Скопје
- 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот, во Chamonix.
- 6 дневен скипас за стазите на Mont Blanc Unlimited (780 км стази).
- Туристички водичи за време на целата тура
- Постелнина и пешкири.
Во цената на пакет аранжманот НЕ Е вклучено:
- Завршно чистење на апартманите.
- Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток од спортски ризик: 800 ден.
- Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице за цело време на престој. Се плаќа во агенција, во денари.
За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со Лиценца “А” бр.УЛ I 13-59, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоции кои важат според наведеното за овој ски аранжман).