Lucas Braathen: Доста ми е! Се пензионираше уште не почнат

Вести

Младиот скијач уште не започнат објави пензија од Алпско скијање на 23г и го изненади спортскиот свет, а пред се своите сонародници.

Викендов во Sölden , Австрија на местото каде ја оствари својата прва победа од Светскиот Куп пред само три години, пред почетокот на првата трка од Светскиот куп во Sölden , Норвежанецот Lucas Braathen го означи крајот на кариерата во еден емотивен прес. Овој шок доаѓа од таму што никој од норвешката федерација не го очекува ваквиот потег. Оваа одлука на Braathen ја потресе федерацијата, која по шок објавата свика итен состанок.

Младиот шаренолик карактер препознатлив по својот екстравагантен стил на облекување изјави дека за прв пат во животот се чувствува слободен после изјавата за крај на кариерата. Со задоволство го најави своето повлекување од спортот на местото каде за прв пат се качи на највисокото место на подиумот: ” За да продолжам со скијање во рамки на овој систем морам да ги тргнам на страна своите соништа и да го одложам уживањето во животот. Тоа повеќе не можам да го правам, доста ми е!”

Еден од најдобрите скијачи во светот со Бразилско потекло со микс од емоции во едно подолго обраќање кон крајот од пресот ја даде својата одлука сметајќи дека нема повеќе место за радости и уживање во спортот во постоечкиот систем кој се коси со неговата личност. “Не е дали сум најдобар на светот туку што ме прави среќен,” изјави Braathen.

Ја започна кариерата во 2018 година, а ја заврши со севкупно 5 победи но 12 топ три резултати. Највисоко достигнување му е актуелната титула во слалом.

Оваа изјава доаѓа неколку недели по наводната препирка во рамки на Норвешката ски федерација во врска со авторски права на скијачите.

Норвешката скијачка сензација на 27 Октомври прерано и стави крај на кариерата непосредно пред почеток на првиот натпреварувачки викенд во Алпско скијање како дел од Норвешкиот тим. Но сепак на пресот Braathen изјави дека нема да говори за наводниот конфликт со норвешката ски федерација во врска со одредена рекламна кампања во која гледаат конфликт на интерес во спонзорските договори со еден од своите најголеми спонзори. Имено  федерацијата најави казни за скијачот во екот на актуелна расправа помеѓу норвешката ски федерација и скијачите од норвешкиот национален тим во врска со маркетиншките права на спортистите.

Во позадина на сите овие случувања е постоечкит конфликт на норвешките скијачи и норвешката скијачка федерација во врска со тоа колку федерацијата ги поседува маркетиншките права на скијачите. Скијачите бараат поголема контрола над своите права но се уште немаат постигнат договор. Скијачите претставувани од Aleksander Aamodt Kilde , Braathen и адвокат треба допрва да потпишат договор со федерацијата пред почеток на сезоната.

Основен принцип на норвешкиот спорт е дека средствата од спонзорство за националниот тим исто така покриваат трошоци за развој на масовните спортови во земјата по принципот на колективното е поголемо од индивидуалното. Од тука и прашањето за маркетиншките права на елитните скијачи што се коси со фундаментите на норвешката спортска идеологија и можностите за развој на децата во основите спортови на земјата што придонесува за зголемен број на активни спортисти.

Допрва ќе видиме како оваа одлука ќе се одрази на сите колеги од тимот попознати како Attacking Vikings пред се на Almod Kilde кој е еден од главните фаворити.

Претходен написи
Австрискиот глечер Mölltaler со впечатлив пад во последните 9 години
Следен напис
Paradiski Les Arcs, Француските Алпи