Македонија на подиум од Freeride World tour qualifier натпреварите

Вести

Златко Златко @ljoljozlatko дел од тимот на @skimacedonia.mk ни донесе голема радост од Freeride World tour qualifier натпреварите кои се одржаа викендов 8-10 март во Банско, Бугарија @bansko.freeride .
Златко во сноуборд категоријата, во конкуренција од 22 натпреварувачи од повеќе земји меѓу кои Австрија, Германија, Чешка, Бугарија, Австралија,Романија,Холандија, Грција итн., со своето сигурно возење успеа да го привлече вниманието на публиката и да им се протне на строгите грчки и бугарски судии , а со тоа да го донесе првиот подиум и 3то 🥉🏆место во најекстремното натпреварувањa од FIS Freeride World tour.

“Замислената , планираната линија ја извозев најдобро што можев, со добар тек, без проблем стигнав до целта, очекувам висока оценка” не извести Златко веднаш по трката.
Подоцна тоа се потврди со 3то место, бронзен медал.

@skimacedonia.mk благодари на сите тековни годишни и проектни подржувачи, спонзори кои придонесуваат финансиски да го реализираме и учеството на натпреварите од Freeride World tour серијата.

А1 | Halkbanka | Anhoch | Woolona | Badel 1862 Skopje | Automotive Group | Nehar Travel

Претходен написи
Мавровски Меморијал поради немање снег се одржа во Покљука Словенија 
Следен напис
Јана Атанасовска дојде до своите најдобри FIS бодови