Мерино волната водечки природен материјал кој дава простор за повеќе авантура!
Доколку имате активен животен стил кој вклучува планинарење, фитнес, скијање, возење велосипед или едноставно трчање, за максимум комфор добро е да користите облека од природни материјали. Мерино волната е водечки природен материјал, обезбедува максимум комфор и повеќе простор за авантура. Иако ценовно е позиционирана погоре од другите модерни синтетички материјали, природното потекло и удобноста, гарантираат вистинско уживање.
![](https://skimacedonia.mk/wp-content/uploads/2021/08/merino.world-16252061898201-Мерино-волната-водечки-природен-материјал-кој-дава-простор-за-повеќе-авантура-woolona-australian-merino-wool-607x600.jpg)
![](https://skimacedonia.mk/wp-content/uploads/2021/08/woolona_mk-1628752111775-Мерино-волната-водечки-природен-материјал-кој-дава-простор-за-повеќе-авантура-woolona-australian-merino-wool-607x600.jpg)
Најважни карактеристики, супер регулатор на температура, лади во лето, грее во зима, помага да се заштити телото од промени во температурата и нивото на влага. Физичките активности може да се одвиваат во различни услови, а видот на облеката има големо влијание врз перформансите на телото и негова заштита. Волнените влакна апсорбираат 30% повеќе влага, која не ја чувствувате на вашата кожа, лесно испарува кон надвор, правејќи ја волнената облека поудобна и покорисна од другите материјали. Во зима најбрзо губите температура ако носите облека која е испотена, држи влага и не суши брзо.
![](https://skimacedonia.mk/wp-content/uploads/2021/08/woolona-australian-merino-wool.png)
Природно отпорна на мирис поради уникатните антибактериски својства, уште една клучна придобивка, зошто мерино волната е победник во сегментот на активна облека. Погодна за повеќедневни физички активности.
![](https://skimacedonia.mk/wp-content/uploads/2021/08/woolona_mk-16254916986160-Мерино-волната-водечки-природен-материјал-кој-дава-простор-за-повеќе-авантура-woolona-australian-merino-wool-1024x1024.jpg)
Волната за максимум ефект се носи директно на телото како прв слој. Зголемена дишливост, апсорбира повеќе влага не губејќи ги својствата. При потење нема мирис и е супер за фитнес во затворен простор. Добро ја балансира температурата на телото , грее, лади и штити од забрзано дехидрирање на кожата.
Во Македонија, како новина на пазарот, преку брендот Woolona мерино светот, на располагање ви е облека целосно изработена од австралиска мерино волна, со 100% учество на метеријалот при изработката.