Викенд планинска прогноза 11-12 март

Вести

Период на обновување на повисоките фрирајд ски зони со снег, во рамките на ски центрите снег со соодветен квалитет се помалку за скијање. На располагање ќе биде Попова Шапка, ќе работат повеќето лифтови, во Маврово условите значително влошени.

Во прилог метео прогнозата која се трудиме да ја испорачаме до вас и која е незаменлива во однос на било кој автоматизиран модел на метеоролошко предвидување.

Моментални температури 10.03.2023, мерење 9:30 часот Попова Шапка 3.3°C, Пелистер 8.6°C, Пониква 4.9°C, Крушево ,4°C.

Викендот го стартуваме со врнежи кои започнуваат в петок попладне, на дел од планините со снег. А, ќе го завршиме со нагло разведрување и со пад на температурата.  Повелете детали:

САБОТА: 

Сабота ќе биде генерално облачен ден. До околу 3 часот по полноќ ќе биде значително врнежливо (снег до околу 1500 метри во текот на ноќта), но потоа врнежите во глобала ќе престанат, освен во северниот, западниот и централниот регион, каде во текот на денот ќе има повремени и сосема слаби врнежи, кои ќе бидат од снег над 1600метри
Видливоста ќе биде променлива, особено долж западна трансферзала и масивот околу Јакупица. Попладне е поголема веројатноста за периоди со полоша видливост.
Во ноќта кон недела повторно се очекува интензивирање на врнежите, особено во западниот дел од Македонија, но овој пат висината на снежната граница ќе биде околу 1000 метри.

Просечна висина на 0°С изотерма на пладне:  1900 метри

Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:  
Запад: Околу 5°С.
Исток:  Околу 6°С.

Ветер на 1500м:

Запад: Умерен запад

Исток:  Умерен до засилен северозапад

Ветер над 2000м:  

Запад: Засилен северозапад

Исток:  Умерен до засилен северозапад

НЕДЕЛА: 

Споменатите врнежи во ноќта кон недела ќе продолжат и наутро во југозападниот регион, за претпладне веќе да престанат.
Иако рано наутро видливоста ќе биде нешто полоша во регионот зафатен со врнежи, сепак оваа состојба нагло ќе се подобри. Добра видливост уште претпладне се очекува во северниот крај, а од попладне и во останатите региони. Ова ќе се должи на наглото разведрување кое што го очекуваме.

Просечна висина на 0°С изотерма на пладне:  
Запад: 1600 метри.
Исток: 1500 метри

Температура на слој на воздух на 1500м на пладне:  
Запад: Околу 2°С.
Исток:  Околу 0°С.

Ветер на 1500м:

Запад: Умерен север

Исток: Умерен север

Ветер над 2000м:

Запад: Умерен север

Исток: Умерен север

Претходен написи
Копанки доби ново ратрак засилување
Следен напис
Инкубаторот за супер скијачи клубот Скади прокнижи нови успеси за македонското скијање