После неколку часа возење офроуд по беспаќе кон крајниот запад, по течението на реката Црн Камен се пристигнува до Луково поле и Радика Планина дел од југозападна зона на Шар Планина. Оттаму се отвара чист поглед кон масивниот Кораб и сите негови големи врвови. Областа на Луково поле е точка кон која гравитираат повеќе шарски врвови над 2300м од кои најмаркантни се Голема 2582м и опасната Мала Враца 2536м. Во калкулација имајте дека мрежа со светот немате речиси никаде за целиот ваш престој, тотален off-grid!
За да го разбудиме алгоритамот like и subscribe