Норвешката репрезентација полека го губи својот сјај наредната сезона останува без ѕвездата Ragnhild Mowinckel

Вести

Популарната норвешка скијачка на Светскиот Куп – Ragnhild Mowinckel со грациозна најава за повлекување од активно скијање и завршување на кариерата по крајот на сезонава на 31 годишна возраст.

“Мислам дека 8 годишната Ragnhild ќе биде горда со 31 годишната Ragnhild,” изјави нрвешката скијачка на својот инстаграм профил. “Среќна сум што си одам на мој начин”, изјави Mowinckel на видео пораката пропратена со солзи. Го опиша чувството како “чудно, но фино”.

Mowinckel чија заразна и впечатлива насмевка го предводешее тимот на Норвешки скијачки освои сребрен медал на Олимписките игри во Pyeongchang во 2018г како во спуст така и во веле слалом.

Нејзината кариера беше на пауза откако двапати го искина вкрстениот лигамент во десното колено во 2019г, со што ја пропушти сезоната 2019-20.

Mowinckel се врати во врвна форма со три нови победи на Светскиот Куп во веле слалом во 2023г.

Таа изјави дека одлуката да се повлече ја донела пред победата во Cortina d’Ampezzo минатиот месец.

Викендов ќе ја отпоздрави домашната публика во Kvitfjell, со трки во спуст и во super-G а планира да ја заокружи сезонава на финалниот турнир на Светскиот Куп од 16ти до 24ти Март во Saalbach, Austria.

Претходен написи
Како изгледа скијање со 2 годишно дете
Следен напис
Снег низ ски регионите ќе има ли скијање?