С О О П Ш Т Е Н И Е
ДО: Јавноста на Република Македонија, медиуми и Ресорт Маврово
Одговор на дописот од Ресорт Маврово,
Најважно, ја почитуваме интелегенцијата на нашите читатели и пријатели со кои заедно скијаме! Доколку не гледате од позитивен аспект и без омраза, информациите кои ги објавуваме ќе ви станат добронамерни и поубави, ја анимираме публиката да оди во планина. Односот и третманот кон СКИ МАКЕДОНИЈА Скопје во понатамошниот текст skimacedonia е однос кон скијачите и скијачката заедница.
На 10 февруари 2024 година, добивме допис и јавно соопштение од Ресорт Маврово во кое се наведени информации кои имаат тенденција на непотребен напад врз активностите на СКИ МАКЕДОНИЈА Скопје и обид да се наметне мнение во јавноста дека шириме невистини. Вакви јавни повторуваме јавни обраќања од Ресорт Маврово и поединци физички лица кои гравитираат околу центарот, дополнително ги сметаме како обид за нанесување штета и притисок кон нас како независна граѓанска организација чија единсвена цел е добробит кон општеството. Витешка скијачка организација од народ за народ, која како и се во светот, има свои пријатели и по некој што не сме му по мерак!
Во прилог неколку исправки на текстот упатен до нас
Број 1 – skimacedonia не е профитна туку непрофитна асоцијација односно здружение.
Број 2 –Постоиме 10 години и сме меѓу најавторитетните тела за скијање, ски туризам во Македонија. Генерираме убедливо најмногу фрекфенција на прегледи и информации за скијање, ски туризам.
Број 3 – Според законот за здруженија и фондации и skimacedonia има право да остварува приходи во насока на целите за кои и основана. Меѓудругото и најважно, Развој и имплементација на дигитални технологии и унапредување на сервисите во зимските ски центри, зимските спортови и туризам. Со планирани нови проекти дополнитлно ќе го подигнеме нивото на сервиси и имиџот на македонското скијање во дигиталниот простор, а скијачката заедница и ски центрите имаат директна и индиректна корист. Секако сите се повикани особено институции, надлежни домашни и странски организации загрижени за развој на туризмот, може да придонесете и помогнете.
Број 4 – До ден денешен 11 февруари 2024 година или 10 години од нашето постоење,
skimacedonia во ниту еден случај не направила притисок, изнуда, извртување на фактичката состојба за ниту една ски зона во Македонија. Иако многу пати обинувани дека фаворизираме еден центар, фаворизираме друг, дека сме со овој, против оној и слични евтини народни приказни итн.
Број 5 – Голема реткост веројатно и едниствено на Балканите е тоа дека едно здружение во ваков формат како skimacedonia, граѓанска организација, изминатава деценија има инвестирано над 3.000.000 денари финансиски средства и скоро исто толку со интелектуален труд, за инфо центар, одржлив систем на веб камери, метеоролошки станици во сите ски центри низ Македонија. Финансиски средства најважно обезбедени пред се од комерцијални извори, заради комерцијалната вредност, јавна потреба и интерес, а помал дел од странски донатори. Пари и услуги кои не ни ги дале од што сме многу убави, туку во насока на остварување на потребите и целите на скијачката и планинарска публика. Подобра информација и зголемена безбедност.
Број 6 – Ја почитуваме интелегенцијата на нашите читатели, стилот на пишување и слободниот дух никој не може да ни го уредува. Располагаме со специјализирана публика, голем број на пријатели, клубови, организации, хотели, ресторани, планинари, скијачи, следбеници, домашни и странски туристи и пред се истомисленици со кои ги споделуваме информациите кои заеднички ги користиме. Сервисираме скоро 1.000.000 прегледи на веб камерите низ цела Македонија изминативе 90 дена. Над 230.000 анимирани поединци на facebook и над 70.000 профили на инстаграм во изминативе 30 дена.
Број 7 – Свеж доказ дека не правиме никакво манипулирање со јавноста, навреда или исмевање на ски центарот Ресорт Маврово е и вестa, објавата на социјалните мрежи од 4 февруари 2024 година, цитирано:
Линк: https://www.instagram.com/p/C265k8nMlY0/?img_index=1
Цитирано
“Маврово без снег и не е така лошо. Нас во секој случај престојот на планина ни е приоритет, без размислување и пазарење со умот дали има или нема снег. За оние кои сакаат да искијаат добра стаза, Едносед до 11h часот е со добар квалитет, за почетници стазите на крајна двосед станица кај Трифкова колиба се повеќе од доволни за унапредување на скијачките вештини. На самите ски терени можете да најдете ски инструктор иако е пожелно навремено закажување термин. Функционални се сите угостителски објекти, ски рентал и маркети. Оперативен е патот Маврово – Галичник, зимската опрема it’s a must! 🏂 ⛷ 💙”
И истата објава од 8 февруари 2024 година сооветно дополнета на нашата веб страница со линк:
Цитирано
“Маврово без снег и не е така лошо. Нас во секој случај престојот на планина ни е приоритет, без размислување и пазарење со умот дали има или нема снег.
За оние кои сакаат да искијаат добра стаза, Едносед до 11h часот е со добар квалитет, за почетници стазите на крајна двосед станица кај Трифкова колиба се повеќе од доволни за унапредување на скијачките вештини (!!! во моментов додека пишуваме се скија на бандаж, фала богу снегот доаѓа следната недела! ).
На самите ски терени можете да најдете ски инструктор иако е пожелно навремено закажување термин.
Функционални се сите угостителски објекти, ски рентал и маркети. Оперативен е патот Маврово – Галичник, но зимската опрема it’s a must!”
Број 8 – Особено што сме повеќе од 25 години во светот на скијањето и планинарството. Целосно ги разбираме напорите на Ресорт Маврово за инвестиции и развој, одржување на хотели, опрема и вработени. И токму затоа никогаш не сме направиле, оцрнување на имиџот, угледот и активностите кон ниту еден деловен субјект, скијачки или планинарски клуб, поединици, организатори на настани или физички лица. Туку сме давале придонес промоција и афирмација. Критичката мисла секогаш била во насока на развој и инвестиции, подобрување на туристичките перформанси особено кон сегментите кои се во доменот на државата, министерствата и агенциите.
Број 9 – Веќе кога сме кај јавноста и нејзино информирање, дали може јавноста да знае? Зошто камерата Маврово База (најбарана и најпотребна за долниот сегмент патеки) која е во сопственост и е управувана од skimacedonia не е во функција? Камерата е изместена од нејзината точка на снимање и исклучена од пристап на интернетот кој е ваша сопственост. А при обид да се обезбеди техничка асистенција и пристап, добиваме штури нејасни образложенија.
Дополнително јавноста да знае, најсовремена метеоролошка станица Davis Instruments поставена во Маврово од skimacedonia на предавателот на горната станица на крајот од жолтиот лифт каде што се и останатите камери во наша сопственост ја нема веќе втора сезона, беше украдена, извадена. Воедно да напоменеме дека нашата опрема покрива голем дел од површината на центарот во горниот дел, јасно пренесува 360 степени преглед на планината Бистра за временската состојба и скијачките услови на самите ски терени. А дополнителната камера во видео стрим е преглед на делот од жолтиот до галичкиот лифт.
Ако се грижите за безбедноста на посетителите и сите што се движат во планина, јавно бараме од Ресорт Маврово да дозволите да поставиме нова метеролошка станица на безбедна точка во рамките на просторот кој го управувате со цел да ја заштитиме од несакана штета од поединци и надворешни влијанија. Податоците ги користат посетителите за движење во планина на околните ски зони како Кораб, Стогово и Бистра во целост. Дополнително заради безбедност на скијачите добро е да се споделуваат информации за квалитетот на патеките, ризикот од повреди, а не дали има или нема скијање на една или пола патека.
Зошто при објава на соопштението кон нас ги избришавте коментарите и ја заклучивте секцијата за коментирање? Тоа ли е транспаретноста за која сакате јавно да пишувате и критикувате?
Број 10 – Во однос на забелешката која е ите како наша приватна работа, скијање низ Франција, Швајцарија, Австрија. Да, јавноста или дел од неа знае дека сме дел од организацијата на скијачките тури и од целиот тој организациски процес. Што е тука спорно?Ние сме скијачка група. Ги земавме од Маврово луѓето да скијаат на алпи? Објавуваме информации како е и како сме си поминале. Секоја година(веќе 10 сезони), повеќе од 500 задоволни и редовни скијачи и бордери, фамили и деца доаѓаат со нас заедно на скијање, соодветно со туристичка агенција специјализирана за таа намена.
Број 11 – Една деценија на културен придонес, 5-6 години проекција на планинарски филмови во кино Фросина МКЦ, 2 сезони проекција на скијачки документарни филмови, изложби на фотографии, снимени бројни авантуристички видеа, промовирани настани за многу скијачки дестинации низ Македонија, соработка со многу субјекти низ Македонија во насока на подобрување на информациониот систем за скијање. Бројни организирани тури за фрирајд скијање и турно скијање низ Македонија. Огромен уникатен видео и фото материјал, стотици илјади прегледи и сето тоа со многу енергија, труд и ентузијазам. Опслужени бројни странски групи скијачи за фрирајд скијање, испратени со позитивна слика и пријателства.
Благодарение на skimacedonia и странска продуцентска куќа особено што е на нивно барање и интерес, домашната и пред се светска јавност во кино ќе види и добие уникатен документарен филм за фрирајд скијањето во Македонија каде се промовираат нејзините убавини и спорт. Корисно и за целиот ски туризам.
Може ли Македонија конечно во нешто да биде на иста линија со иста согласност или очи ќе си копаме овде до последна? Државава полна нетрпение и омраза. И снегот веќе не не сака!
Благодарност до целата македонска јавност, сите ски центри што не трпат 10 години да замараме за скијањето во Македонија и светот. Преголема благодарност до упорните луѓе на skimacedonia, сите компании, деловни субјекти, спортисти, клубови, поединци, вработени по комании, кои со својот авторитет и интелектуален придонес ја доведоа skimacedonia по 10 години да е ова што е денес. Точка за пример, доказ дека можеме обединето да фунцкионираме за една племенита идеја. Ние навистина имаме многу да кажуваме. Едно од најавторитетните тела за скијање!
Arrivederci!
Христијан Трајчевски СКИ МАКЕДОНИЈА Скопје претседател