Одлично деби на Данило Илев во Литванија!
Новата надеж на македонското скијање е 16-годишниот Данило Илев, кој на својот дебитантски настап во слалом во затворената снежна арена во Литванија успеа да оствари 125 FIS точки. Данило скоро деценија наназад е член на скијачкиот клуб Скади од Скопје при скијачката федерација на Макеоднија, каде континуирано посветено еволуира и бележи атрактивни резултати. Тој е дел од новата млада генерација скијачи во кои федерацијата и клубовите полагаат успешна натпреварувачка надеж.
Честитки до Данило и тренерот Александар Атанасовски за постигнатиот успех!