Pelister Ultra-Trail® 2020 меѓународен настан

Вести

Pelister Ultra-Trail® е меѓународен настан организиран од ПСК Димитар Илиевски Мурато кој се оддржува во најстариот Национален парк во Македонија, Националниот парк Пелистер. Настанот се оддржува од 26-28 Јуни 2020. Оваа едиција на Pelister Ultra-Trail® ќе има една ULTRA-TRAIL® трка, која трка се организирани според ITRA (International Trail Running Association) правилата и прописи за овој тип на трки, каде исто така секоја од трките соодветно носи одреден број на поени за UTMB®.

Планинарскиот Спортски Клуб “ДИМИТАР ИЛИЕВСКИ-МУРАТО” од Битола е Здружение формирано со слободно здружување на граѓаните, заради остварување усогласување на своите заеднички цели и интереси и заради вршење на дејности и активности во планинарството.

Носител на настанот ПелистерУлтра-Треил® за 2020 год.  трката во должина од 61 км со 3650 метри искачување и 3660 метри слегување. Уште пред да зазори учесниците ја започнуваат својата авантура стартувајќи од предворјето на Националниот парк Пелистер кај Ски центар „Стрежево“ во село НижеПоле.

Патеката, со одлична подлога што секој љубител на планинското трчање може да ја посака, минувајќи низ најзначајните белези на првиот национален парк во Македонија – надалеку познатиот Пелистер, ги обединува сите убавини што природата мозаично ги сложила во една прекрасна целина, нагласувајќи и откривајќи ги заштитните знаци на гордиот Пелистер: двете глацијални езера Големо и МалоЕзеро – „Пелистерските очи“, камените реки – морени, ендемичната моликова шума, пејсажите кон ПреспанскоЕзеро, пресретнивањата со најзначајните врвови на чело со Димев врв (Пелистер). И сѐтака до целта (која воедно е и почеток – Скицентар „Стрежево“ с. НижеПоле), патеката ги следи убавините, а учесниците го збогатуваат своето искуство, но оставаат и трага од своето присуство низ падините на БабаПланина.

Трката носи 3 бодови според ITRA (International Trail Running Association), и целосно е во рамките на Националниот парк Пелистер, а истата е и највисока ултра-треилтрка во Македонија.

Патека која со нејзиниот старт од срцето на Националниот парк, познатиот Ластојчин камен, која повеќе од половина должина е низ длабоката Моликова шума и единствена патека во Македонија која има највисоки MOUNTAIN CRITERIA поени добиени од ITRA со чиста десетка е патека која секој тркач би ја посакувал. Од самиот старт па се до доаѓањето на самиот врв на 2601м надморска висина, кога предвас се отвораат бескрајните прекрасни хоризонти и пејсажи на БабаПланина, како што се Преспанското езеро со националниот парк Галичица, Ниџе планина со врвот Кајмакчалан како и погледи кои стигнуваат сѐдо прекрасниот Олимп, претставува прилика за секој тркач да ужива во убавините на Пелистер и вооедно да остави свој траг по падините на БабаПланина.

Патеката потоа продолжува по широките планински ливади поминувајќи покрај заштитните знаци на БабаПланина, двете планински езера т.н. ПелистерскиОчи, каде за крај ве очекува Downhill од 1000м по Дебел рид се до целта во ски центарот Нижополе.

Тркатаноси 2 бода според ITRA (International Trail Running Association), и целосно е во рамките на Националниот парк.

Трката е во должина од 18 км со денивелација 1170 м+ / 1170 м- Стартувајќи од предворјето на Националниот парк Пелистер кај Ски центар „Стрежево“ во село Ниже Поле, учесниците ги води патека поубавината на реката Сапунчица која е во пазувите на Националниот парк Пелистер. Орловите гнезда, кај месноста Орлови Бари, се следната дестинација за тркачите, кои на еден начин се припремаат за најмаркантниот заштитен знак на Пелистер – ГолемоЕзеро, каде што се наоѓа планинарски дом за закрепнување на силите. Надолу патеката се отвора низ широчините на Дебел Рид, за спокојно да се приближи кон целта – Ски центар „Стрежево“, с. НижеПоле.

Трката носи 1 бод според ITRA (International Trail Running Association), а истата целосно е во рамките на Националниот парк Пелистер.

Претходен написи
Викендот беше четвртата станица од Freeride World Tour во Фибербрун Австрија
Следен напис
Велигденско екстремно скијање врв Плат северна страна #skimacedoniaONtour