Што е ски турингот

Опрема и Совети

Дали некогаш сте забележале ситни точки, луѓе кои траверсираат далеку во планината додека вие возите на ски лифт за првото скијање на денот? Или пак долги цик-цак траги, патеки направени на некој стрмен терен кои водат нагоре, чудејќи се кој отишол таму и како ?! Тоа е ски турингот.

За првите птици кои сакаат свежи и празни патеки, рано утринската туринг патрола е најдобар старт на денот или пак попладневна турно извидница е супер бегство од патеките околу лифтовите. Ако турното ви се мота низ глава, а ви се мота, еве детали кои треба да ги имате на ум.

Што е ски турингот

Турното скијање или ски планинарството е највисоката и најкомплексна форма на планинарење според федерациите на планинарски спортови и УИАА стандардите. Транспорт преку заснежен планински терен кобинирајќи го пешачењето и качувањето. Во повеќето ситуации турното скијање/сплит бордот е многу полесно за движење низ снегот и пристап длабоко во планинските зони, наспроти зимското пешачење-класичното планинарење. Туринг опремата им овозможува на скијачите искачување и спуштање без потреба да ги извадат скиите благодарение на сетот кожи-навлаки, како и специјализираниот комбиниран вез кој овозможува полесно движење на ногата и стапалото. Ова е побрза варијанта наспроти снегохотките или класичното планинарење доколку сакате да уживате во некои зимски тури кои се покриени со длабок снег.

Кожите се ленти од најлон, мохер, комбинација од двете, а од неодамна и пластифицирана лента – profoil изработена од Fischer која е отпорна на абсорпција на влага и има подобри карактеристики во тој поглед од стандардните кожи. Нивната текстура има карактеристика на лизгавост кога движи напред, и блокирање, превенција од лизгавост кога има притисок за назад.

Турното скијање не е од вчера, но последните години стана многу популарно со зголемувањето на потребата кај скијачите и планинарите да истражуваат нови територии во зима, потребата за зимско ски планинарење, каде качувате долго но симнувате брзо, купувајќи време посебно во кратките зимски денови во потрага по нови свежи недопрени линии. Независен пристап, надвор од потребата да се купи ски карта, да се чека во ред за ски лифови, да се биде дел од таа гужва и бука која се повеќе смета и не го релаксира современиот човек планинар и скијач посетител на планините. Во потрагата по скијање и бордање на свежи недопрени долини и врвови, авантурата притиска кон сериозни еднодневни или повеќе дневни тури.

Турингот не се препорачува ако не сте со напредно ниво како скијач или бордер, посебно во правци кои имаат изразито технички терени. Секогаш треба да бидете сигурни дека турата која ја избирате е на ниво на вашата кофорна зона и способности за скијање. Заборавете ги оние линии каде лично не се чувствувате безбедно, кога ќе навлезете во комплексен терен, навистина е тешко да излезете имајќи ги во предвид опасностите од анимирање на лавина, неконтролирано паѓање. Слично како и кај класичното планинарње многу полесно е да се качите на некој врв, отколку да се симнете од истиот.Свесноста за лавини

Без разлика колку близу сте до ски центарот, соодветно знаење за лавинска безбедност и опрема се задолжителни. Планините можат да бидат комплетно непредвидливи, често го потценуваме и најобичниот терен, дури и најискусните можат да се најдат во крајно комлексна и опасна ситуација.

Пред да појдете на туринг авантура, мора да имате барем искуство и познавања од зимско планинарење, лавински курс за безбедност, опрема за таа намена, да знаете како да се однесувате ако се најдете во несакана ситуација.

Низ Македонија можете да посетите курсеви и обуки кои ги организираат федерацијата на планинарски спортови и асоцијацијата на професионални водичи, некој планинарски клуб или друг ски оператор од каде може да стекнете некакво знаење за соодветно безбедно движење во планина. Секако тоа знаење потребно е во континуитет преку тренинг и акумулирање на искуство да се надградува во пракса. На овие обуки се учи како да се користи безбедносата опрема, како да се прави и чита лавински профил, како да реагирате кога некој е фатен во лавина и кои чекори при спасување треба да се превземат.Опрема за лавинска безбедност За турно скијање добро е да имате соодветен специјализиран ранец, ранец кој ги поседува соодветните џебови, простори, држачи, стеги за тешките скии, сплитборд, стапчиња, заштитна кацига, простор за лавинската сонда, лавинска лопата, кожите, цепини, дерези и останати работи кои влегуваат во зоната на пресекот потребна опрема. Ранците дополнително во себе поседуваат воздушно перниче или пак припрема за таква инсталација. Лавинската безбедносна тројка се состои од лавинска сонда долги стапови за пребарување на затрупан терен, лопатка за снег и трансивер. Сета оваа опрема треба да биде 100% функционална, испробана и да се ракува со неа на најпрактичен можен начин.

Што доаѓа внатре во ранецот? Како што имаме наведено во претходни текстови за ранците, препорачуваме мин. 30л како најсоодветна големина. Тоа е простор доволен за целата опрема поврзана со лавинска безбедност, вода, соодветните парчиња облека, малку храна и прва помош кит, по можност и gps навигација.  Задолжително покрај овие работи носете челна лаба, наочари за заштита од сонце, резервни ракавици, чорапи и барем основен слој облека заштитени од влага како би останале суви и употребливи доколку затребаат во временска неприлика. Секогаш е потребно да носите своја лична опрема, не потпирајќи се на вашиот партнер за асистенција, иако секој треба да пази на секого.Како да се облечете за туринг Кога правите туринг, покривате долги, а неретко и технички делници (висорамнини, нагорнини и удолнини) па соодветната облека ќе придонесе да останете суви, топли или барем во рамките на некоја конфорна удобна зона.

Во туринг светот изборот на квалитетна опрема за безбедно истражување на планината е секако со важност број еден. Облекувањето во слоеви не е својствено за стандардните скијачи, но во турингот е препорачлива процедура заради одржување на добар баланс меѓу топлината и движењето. Кај турингот имате интензивно движење и повисока работна температура на телото.

Прво слој – основен слој ( base layer)

Потребно е да се користат синтетички полиестер или материјали од чиста волна (препорачуваме волна), со цел влагата при потење што полесно да се пренесува од телото кон надвор и да не е задржува влага околу телото. Избегнувајте памучни материјали кои најчесто ја задржуваат влагата на себе.

Среден слој – (mid layer)

Средениот слој е изолациски слој и може да биде било што, флис или софтшел полар или друг синтетички/волнен дуксер. Типот на овој слој се селектира според временските услови но секогаш треба да се има во ранецот, барем да го имате за задолжително чување на топлината кога сте завршиле со искачувањето.

Надворешен слој – е заштита од временските услови, па затоа надворешниот слој треба да биде водоотпорен и дишлив. Gore Tex е најдобриот партнер но може да биде скап, но на пазарот има и други јакни кои имаат висок коефициент на водоотпорност и дишливост. Ако турирате цел ден на планина, за влажни и снежни денови заборавете на јакни под 15.000мм, за да не ви се случи да накиснете после неколку часа изложеност на снег. Препорачуваме модели над 20.000 мм пропустливост/дишливост.Додатоци кои треба да ги барате

Една од најважните работи е надворешниот слој од опремата покрај тоа што е водонепропустлива да биде и функционална, практична т.е соодветни патенти за да се забрза циркулацијата на воздух. Идејата на слоевито облекување е да се оддржи идеален температурен баланс, да се намали потењето и влагата. Специјализираните пантолони и јакни имаат големи патенти и делови за вентилација со кои можете да го балансирате нивото на температура и провев околу телото. Со тоа ќе го избегнете честото застанување, облекување и соблекување, моментот на претопло или преладно.

Капа, ракавици, чорапи

Заштитата на главата и екстремитетите е клучно за задржување на температурата во телото, па кога е ладно и ветровито, секогаш бидете соодветно заштитени. Од  балаклава односно поткапа до волнена капа доколку не носите кацига при искачување, сите си имаат соодветна термо регулација за да не дојде до препотување.

Ракавиците секогаш треба да ги има барем еден пар сува резерва во ранецот. Зависно од материјалот и температурата на која сте изложени, не сите модели можат соодветно да ве заштитат посебно при студено и ветровито време, каде за час може да почувствувате сериозна болка и ризик од мрзнење.

Како и рацете така и стапалата треба да се држат во комфорна состојба, минимум влага, оптимална топлина. Како и со ракавиците чувајте топла резерва, но користете соодветни високи, специјализирани чорапи за таа намена. Добро е да се користи тенок слој на чорапи кој нема да држи многу влага на себе, а врз нив подебели високи чорапи кои ќе ја топлат ногата. Преферирајте волнени материјали.

Каква е ски опремата?

Скии, ски чизми и везови, кожи и телеско штеки

Во делот на скиите дајте им важност на тежината на скиите, а зависно од стилот на скијање го избирате соодветниот модел. Слично е со везовите и ски чизмите. Ако практикувате долги искачувања без агресивно возење надоле, тогаш полесна опрема треба да биде приоритет, и обратно за кратки искачувања и агресивно возење низ големи долини, обезбедете силна, опрема способна да издржи поголем притисок.

Кожи и дерези за скии – се користи должина според димензиите на вашите скии, широчина која не треба да ги покрива страничните рабови т.е кантот. За поголеми нагорните се користат и дерези кои се прикачуваат на везовите.

Телескоп штеките се попрактични во однос на класичните заради подесување по потреба висина кога искачување и лесни за маневрирање и лесно се пакуваат.

Делот за скијачки кондури/чизми ќе ги обработиме во засебна секција.

Претходен написи
Planika за планина и снег модели кои може да ги најдете во Пеко
Следен напис
Светски ден на планината, втор дел