Reel Rock 17 започнува во кината на 4 март

Вести

Премиерно во Болдер, Колорадо на 4-ти март, ќе се прикаже новиот Reel Rock 17, а потоа ќе патува низ стотици градови во текот на пролетта. Трејлерот погледајте го во продолжение.

Reel Rock 17 не е единствената голема вест – во последните неколку месеци Reel Rock создаде нова содржина за страницата за стриминг, Reel Rock Unlimited. Од популарниот The Dodos!, па се до епскиот експедициски филм Rayu, создадоа филмови кои ќе ги инспирираат сите.

Веќе две децении, Reel Rock ги споделува најголемите приказни од светот на качувањето, славејќи ја човечката страна зад најголемите авантури и достигнувања на спортот. Секоја година, Reel Rock носи нов избор на најдобрите филмови за качување на турнеја низ целиот свет, и преку новата платформа за стриминг, Reel Rock Unlimited.

Основана во 2005 година од Џош Ловел, Питер Мортимер и Ник Розен – креатори на документарните филмови Valley Uprising, The Dawn Wall и The Alpinist – Reel Rock прерасна во врвна глобална платформа за наградувани филмови за качување.

Претходен написи
Shiffrin во Чешка дојде на една победа до рекордот на Stenmark актуелен од 1989
Следен напис
Попова Шапка ноќно скијање 10-11 февруари