Се леташе и се победуваше во Cortina

Вести

Ragnhild Mowinckel ja доби битката со ветерот во атрактивната и посетена Cortina за женскиот спуст пред домашниот фаворит Goggia

Победникот Ragnhild Mowinckel од Норвешка се покажа најумешна на захтевниот и опасен спуст и заврши за 0.35 секунди пред американката Jacqueline Wiles и домашниот фаворит Sofia Goggia.

Норвежанката Ragnhild Mowinckel го задржа фокусот за победа на спустот во Сабота на Светскиот Куп во Cortina d’Ampezzo, Италија – патеката Olympia која ќе се користи за Зимската Олимпијада за две години.

Ова е само четврта победа на Mowinckel на Светскиот Куп и прва по ланската победа во super-G токму во Cortina.

За Mowinckel која е стандарден член на таборот на “Викинзите”, ова е првата победа во спуст за што беше особено среќна и видно воодушевена !

Goggia заврши пак трета како и во Петокот на Olympia delle Tofane патеката. 

Ragnhild Mowinckel  на финишот видно изненадена за воодушевување на тимот: “Навистина се гордеам со себеси!”

Со оваа трка, сите последни шест спуста беа освоени од шест различни скијачки: Kajsa Vickhoff (Норвешка), Ilka Stuhec (Словенија), Mikaela Shiffrin (Америка), Jasmine Flury (Швајцарија), Goggia (Италија) и сега Mowinckel (Норвешка).

На патекатака на која имаше неколку излетувања во услови на силниот ветар, a најлошо пројде навидум Американката Wright која по стравичниот пад беше земена со хеликоптер. Но на крај на трката се врати на патеката со неколку посекотини (полесни повреди) со што го прослави подиумот на нејзината сонародничка Wiles.

Дополнително на истата патека пред неколку дена македонската репрезентативка, битолчанката Ева Милевска со само 16 години и прва година во ФИС натпреварите поставува рекорди во најбрзата скијачка дисциплина – спуст. Младата Ева Милевска од СК Пелистер ги освои првите ФИС поени во најбрзата дисциплина во алпско скијање. Овој резултат е од посебно значење затоа што тоа се најдобари македонски постигнати ФИС поени во спуст.

Со само шеснаесет години и само пола година тренинг во спуст, Ева Милевска освои одлични 107 ФИС поени во Кортина Д’Ампецо, Италија.

Ева првпат се сретна со брзите дисциплини во март минатата година на Бјелашница. Сепак одлуката професионалното скијање да го продолжи во Италија со врвни тренери посебно во брзи дисциплини дава резултати. Ева се приклучи на тренажниот процес за брзи дисциплини со скијачки клуб од Италија и од јуни минатата година тренира на италијанските Алпи. Поддршката за оваа сезона Ева ја добива од Скијачка федерација на Македонија и приватни спонзори.

Имајќи во предвид дека ова е само почеток на првата година на Ева Милевска во ФИС натпреварите и знаејќи ја нејзината одлучност и посветеност во скијањето веќе десет години, за очекување е дека пред неа претстои иднина со поголеми резултати.

Претходен написи
Известување за скијачка претпазливост
Следен напис
Попова Шапка работи шестосед за панорамски прошетки