Skopje Open Snowboarding Day

Вести

Земајќи ја во предвид важноста и бенефитите од физичка активност кај млади , нашиот клуб во соработка со Националната Федерација “Спорт за сите” и под покровителство на Агенција за Млади и Спорт ја организира втората спортска, едукативна, практична работилница за деца “Skopje Open Snowboarding Day” 

“Skopje Open Snowboarding Day” претставува спортски настан кој е фокусиран на развој и ширење на познанството на снежните спортови, со посебен осврт кон сноубордингот.

Агенда:

1. Едукативна работилница за запознавање на 

Сноубордингот како спорт во нашиот регион

2. Практична работилница за Сноубординг

3. Можност за зачленување во клуб за Сноубординг

Би ни било чест да присуствувате.

Настанот ќе се одржи во ОУ Ѓорѓија Пулевски, во Општина Аеродром, на 17.12.2023 година од 12:00 до 15:00 часот.

*Ве молиме децата да бидат во спортска опрема *Сите дополнителни реквизити се обезбедени од страна на организацијата

*Препорачана возраст од 3 – 9 години

Спортски поздрав!

Претходен написи
Сензационалната Shiffrin го освои St Moritz
Следен напис
Пола метар снег на Шар Планина