Од минатата недела во соработка со ЈП Стрежево можеме да го следиме во живо и ски центарот Нижеполе на Пелистер.
Ски центарот е под надлежност на ЈП Стрежево и претставува атрактивна рекреативна зона за граѓаните од пелагонискиот регион. ЈП Стрежево изминатите години комплетно го реновираше единствениот ресторан во рамките на центарот, покрај реновирањето на лифтовите и патеките, беа додадени нови содржини за рекреација и забава.
Нижеполе е регионален магнет за посетител и заради ноќното скијање кое го нуди како опција. А се повеќе се збогатува и туристичката понуда со сместувачки капацитети и угостителство.

