TechnoAlpin во партнерство со владата влегува на Попова Шапка

Вести

Генералниот директор на ЕЛЕМ ТУРС , Адем Авзиу изјави дека денес Владата на Република Македониа ја усвоила Одлуката за доделување статус на стратешки инвеститор на инвестицискиот субјект „TechnoAlpin“ за ски-центарот “Попова Шапка“.

„Исклучително сум среќен што TechnoAlpin, како светски лидер во производство и инсталирање на системите за вештачки снег и како признат експерт за планирање и проектирање на скијачки терени и зони во различни светски ски-центри, конечно доби статус на стратешки инвеститор со амбициозен план за развој на Ски-центарот „Попова Шапка“ за модернизација и унапредување на постоечките скијачки терени и инфраструктура неопходна за развој на Попова Шапка. „ изјави Авзиу.
Се очекува забрзување на процесот на изградба и замена на дотраените лифтови и жичари со модерни шестоседи, како и патеки и инфраструктура кои соодветно ќе го следат развојот.

“Нови ски-патеки, нови ски-лифтови и жичарници, реновирање на хотелот Славија, градба на нов хотел, паркинг, прилагодување на патниот пристап од центарот до ски-патеките, како и инсталација на систем за вештачки снег“, рече Адем Авзиу

Станува збор за вкупна инвестиција од 186 милиони евра, што ќе се реализира во 6 инвестициски фази, почнувајќи од 2023 година.
Во првата фаза од инвестицијата, во периодот 2023-2028 година планирани се инвестиции во износ од 55.117.000 евра!

“Ова е ерата на развојот на Попова Шапка.” додаде Авзиу

TechnoAlpin e италијански и светски гигант во сферата на индустријата со ски центри. Формиран доцните осумдести, со седиште во Болзано, Италија произведува технологии за indoor и outdoor потреби од машини-фабрики и топови за правење снег до технологии и тест центри за автомобилска индустрија, спа зони итн. TechnoAlpin е присутен во повеќе од 55 земји

Претходен написи
Снежен рај утрово на Попова Шапка
Следен напис
Што треба да спакувате за повеќе дневено скијање