Titov Vrv SkyRace 2020

Вести

Неверојатни перформанси и многу сила беа реализирани и потрошени на шарските врвови и гребени минатиот викенд како дел од трката во националното првенство во планинско трчање на Македонија при федерацијата на планинарски спортови, а организирано од ПК Македон. Во голема конкуренција прв на целта кај мажите стигна младиот Дејан Ангелоски со нов импресивен рекорд од 2 часа, 39 минути и 47 секунди го искачи и спушти Титов Врв. Кај девојките најбрза машина беше Елена Ртоска со време од 3 часа 43 минути и 11 секунди. Трката на Шар Планина е една од поекстремните патеки каде поголем дел од патеката се наоѓа на висина од 2500 м, односно се трча преку гребенот Церипашина, Карабунар, Бакардан до Титов Врв и назад до ски центарот Попова Шапка.

Моќен подиум кај девојките!

  • Елена Ртоска 3:43:11 (нов рекорд)
  • Сања Најдовски 4:01:23
  • Ивана Пекевска 4:15:49

Победничкото трио кај момците!

  • Дејан Ангелоски 2:39:47 (нов рекорд)
  • Александар Кирковски 2:42:20
  • Атанас Анчевски 2:52:00
Претходен написи
SNØ најголемата ски индор арена во Европа
Следен напис
Алгите ги јадат глечерите научниците загрижени