UIAA советува – Десет работи во предвид кога купувате опрема за качување

Опрема и Совети

Десет работи што треба да се имаат предвид кога купувате опрема за качување

Следниве упатства главно се однесуваат на опрема за качување опфатена со безбедносните стандарди на UIAA International Climbing and Mountaineering Federation. Ова вклучува, но не е ограничено на алатките за обезбедување, карабинери, дерези, краш падови (подлоги), појаси, шлемови, клинови за мраз, јажиња и гуртни. Целосниот список на стандарди може да го најдете овде.

  1. Спроведете темелно истражување. Осигурете се дека парчето опрема што го купувате е соодветно на видот на активност што сакате да ја извршите. Прочитајте ги рецензиите за производот од независни извори.
  2. Секогаш прочитајте и обрнете внимание на предупредувањата и упатствата на производителот за употреба, проверка, одржување и повлекување на опремата. Кога се сомневате за последната точка, секогаш е најдобро да ја замените опремата. Информациите за повлекување на производи може да се најдат на веб-страницата UIAA.
  3. Кога е можно, пред да купите, пробајте ја опремата. Ова е особено важно за опрема каде што соодветствувањето ќе влијае на можноста на производот да го заштити качувачот, како шлемови и појаси. Несоодветна опрема за качување може да биде опасна.
  4. Купувајте само опрема што е означена со UIAA ознаката за безбедност и/или CE ознаката. Ова е сигурност дека опремата е во согласност со најпрецизните меѓународни стандарди. Безбедносната UIAA, или CE ознака, обично може да се најдат врежани или зашиени на самата опрема или во описот за производот.
  5. Избегнувајте купување опрема преку интернет, освен опрема од познати и доверливи марки и од доверлив производител или реномирана малопродажба. Темелната статијана UIAA и Британскиот планинарски совет (BMC) ги испитува многуте опасности од купувањето преку Интернет.
  6. Бидете претпазливи за фалсификувани производи. На необучено око лажен производ може да му изгледа како вистинскиот сертифициран производ. Наводно сертифицирани производи, што се продаваат по многу ниски цени, треба да ни бидат предупредување.
  7. UIAA не ја одобрува употребата на second-hand/употребувана опрема за качување. Следниве артикли не треба да се набавуваат од втора рака: појаси, шлемови и јажиња.
  8. Евиденција за набавка на вашата опрема во тетратка или на интернет. Ова осигурува дека секогаш имате евиденција кога сте ја купиле опремата и што сте правеле.
  9. Ако се сомневате во валидноста на опремата, проверете ја во базата на податоци за овластена опрема на UIAA. Исто така, ако верувате дека некој користи ознака за безбедност UIAA без овластување, можете да испратите детали до UIAA кои ќе го додадат овој производ во својата база на податоци за проблематични производи. Целосен список на производители чии производи содржат ознака за безбедност UIAA може да се најде тука.
  10. Што се однесува до ЛЗО (лична заштитна опрема), имајте предвид дека оваа опрема има време на застарување и треба да се замени според упатствата на производителот. Треба да се забележи дека многу продавачи нема да прифатат враќање на ЛЗО опремата по продажбата.

 

Претходен написи
Фрирајд/Туринг скијачки чизми skimacedonia селекција 2023
Следен напис
Сашко Кедев го освои и Нанга Парбат висок 8.125 метар