ВИДЕО. Загинати и исчезнати во лавина на Доломитите

Вести

Најмалку шест лица загинале, а десетина се исчезнати во лавина на Доломитите во Италија, објави вчера, недела 3 јули , центарот за спасување во регионот Венето.

Уште осум луѓе се повредени по колапсот на глечерот на планината Мармолада , а хеликоптери и спасувачки тимови со кучиња трагачи се во потрага по планинари затрупани под снегот.

Според непотврдени информации, групата броела најмалку 18 лица, од кои десетина се водат исчезнати.

Несреќата се случила кога се откачил голем дел од глечерот под притисок на акумулирана вода која покрила и погодил искачувачка рута на која имало доста луѓе во моментот. Викендов на Мармолада беше постигнат температурен рекорд, со околу 10 Целзиусови степени на врвот.

Претходен написи
Лавините кинат дури и во Австралија
Следен напис
НОВИ ПРЕДУПРЕДУВАЊA ЗА НИВОТО НА АЛПИСКИОТ СНЕГ