Не помина ни два дена откога го објавивме нашиот критички/ револт пост на нашата facebook страница со критика околу “соодветноста” на промотивните активности на државни институции, агенции па и бројни други невладини организации кои денес се специјализирани за земјоделство, па за правата на животните, жените и екологија и следен ден организираат промоција на туризам. Независно од тоа , веќе пристигаат објави на странски сопственици на фотографии кои се чудат како им се појавуваат нивни фотографии во владини реклами. Господа маркетинг агенции, и така натака, кажете дека ви требаат материјали видео и фото , гратис ќе ви ги дадеме и онака не го почитувате трудот на македонските пејсажни фотографи посебно ние кои сме се посветиле да градиме и создаваме за планината и туризмот.
https://facebook.com/SkiMacedonia/photos/a.314129865391967/1750979211707018/