Ивана Пекевска е сноубордер, девојка во врвот од натпреварите во планинско трчање, а во меѓувреме графички дизајн, и долгогодишен архитект.
„Мислам дека секогаш ќе наоѓам инспирација во природата на секое поле од моето дизајнирање без разлика дали е архитектура или графички дизајн или било која друга димензија во дизајнот која би ме заинтересирала да ја изучувам. Природата овозможува да ја извадиме најпозитивната страна од процесот на дизајнирањето. Таа може многу да не научи, да не инспирира, да не направи среќни и треба се повеќе да се стремиме кон здрави навики, обновливи технологии и да размислуваме и делуваме за почиста и среќна иднина за нас и идните генерации зашто сега е моментот кога идните генерации треба да научат од нас, од нашето делување и творење“, посочи Ивана за радио МОФ.
Пекевска е уште една илустраторка која се приклучува на иницијативата на радио МОФ #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации, а целото интервју на радио МОФ