Планинарските чевли – основен дел од опремата

hikin-planinarski-chevli-oprema

Кога пешачиме во природа една од основните работи се чевлите кои ги носиме на себе. Соодветните чевли придонесуваат, брзо и безбедно движење, а секако и комфор кој треба да обезбеди уживање во најголем дел од времето.

Зависно од типот на искачување, постојат повеќе видови на планинарски чевли. За кратки и лесни, летни искачувања обично се користат меки и удобни чевли. Доколку се движиме низ комплексни временски услови влага, снег, студ, карпест терен, тогаш потребни се покрути и погломазни чевли.

Чевлите треба да се високи со цел да се заштити ногата од повреда на скочниот зглоб, како и заштита од надворешни влијанија. Ѓонот најчесто се изработува од специјална гума, вибрам , која треба да обезбеди топлотна изолација како и заштита од пролизгување.

planika-mangart
Planika Mangarat, планинарско-алпинистички модел наменет за влажен терен, снег и лед

Во прилго ви претставуваме неколку модели од добро познатиот бренд на нашиот пазар, планинарските чевли Planika, со кои имаме лично позитивно искуство (Planika Mangart) десетина години наназад.

Planika моделите кои ги издвоивме за презентација Мангарт и Јаловец, се наменети за класични планинарски еднодневни или повеќедневни тури, како и захтевни алпинистичко-планинарски искачувања. Дизајнирани за удобност при долги пешачења, а од друга страна обезбедуваат соодветно совладување на комплексен терен и подлоги. Ги карактеризира исклучително квалитетни материјали, заштитна странична гума, лесни се, тежат околу 760-780 грама и обезбедуваат топлина дури и на температури од -20°C, а дополнително на нив може да се прикачат и дерези за движење на заледен терен.

Опремени со air tex целосно водо-отпорен материјал, кој овозможува дишење на стапалото и намалување на потењето во внатрешноста, а отпорна на надворешни влијанија, вода и студ. Располагаат со vibram ѓон и подлога со зголемена отпорност на пролизгување,заштитна гума, добра топлинска изолација, Planika air system за вентилација преку јазикот на чевлите. Ги препорачуваме за сите високо-горски планинарски тури и сезони проле-есен-зима. Зависно од вашите потреби и амбиент носете ги со еден пар анатомски спортски чорапи како би избегнале триење на стапалото, а во зимски студени услови, задолжително со удобни термо чорапи. Доколку планирате подолг престој во текот на денот на снег и дожд, потребно е чевлите најпрвин да се испрскаат со спреј за импрегнација на материјалот.

Можете да ги набавите во продавниците на Пеко низ Македонија, Planika има широка палета на планинарски чевли и патики. Контакт продавници

planika-jalovec
planika-jalovec-zenkski

15032911_bistra-kjurkov-dol-mavrovo

 

За skimacedonia

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оди на лентата со алатки