Предлагаме две варијанти
Револуционерниот модел Salomon S/Lab Shift MNC 13, комбиниран вез, со туринг перформанси кои веројатно многумина ги посакуваат.
Можете да ги користите везовите за туринг со pin, а да скијате односно да бидат заклучени како со стандарден алпски вез. Моделот Salomon S/Lab Shift MNC 13 ги понуди високите перформанси потребни за турно искачување, стабилноста и цврстината потребни за алпско, фрирајд спуштање и за скијање на тврда подлога односно процесирани терени.
Salomon S/Lab Shift MNC 13 се со вкупна тежина од околу 1700 грама, имаат можност за подесување на асистенција при искачување со степен на нагиб од 2° и 10 ° проценти , DIN 6-13, опсег на прилагодување 30мм, големина на кочници 90/100/110/120mm.
Веќе поминавме сезона/две во друштво на овој модел и лесно ја доби високата оценка. Овој модел на вез можете да го најдете и под брендот Atomic, тоа е буквално истиот вез и истите перформанси.
DYNAFIT ST ROTATION 10 ALPINE TOURING модел кој го користи и Fischer за сите турно и фрирајд скии. Силен вез, кој може да понуди скијање на стрмни терени, најмалку 500 грама полесна варијанта, но повеќе наменети за долго турно искачување, што значи не толку често откачување на везот. Доколку го правите тоа често, везот низ неговата структура собира лед и механизмот во корелација со кондурата станува нестабилен заради можноста од несоодветно заклучување. Ледот може да прави пречки во студени зимски денови, ако правите често откачување , не е баш идеален за низ ски центри. DIN 4-10, опсег на прилагодување 22.2 мм, големина на кочници 90/100/110/120mm.